
Позиција: Front Desk/ Менаџер за прием/рецепција
Локација: Скопје
Тип на вработување: Полно работно време
Почеток: Веднаш / По договор
Опис на позицијата:
Front Desk/Менаџер задолжен за прием и комуникација со клиенти и посетители, прием, евиденција и распределба на документи. Организација на приемниот простор и координација на основните административни активности во канцеларијата
Клучни одговорности
- Управување со клиенти и посетители
- Дочекување, евидентирање и насочување на клиенти и посетители, во согласност со воспоставените процедури.
- Одржување уреден и функционален приемен простор и обезбедување основна организација на документацијата и дневните активности.
- Координирање на резервации за простории за состаноци и асистенција при подготовка на просторот за состаноци.
- Ракување со влезни и излезни пратки и курирски услуги.
- Дејствување како посредник помеѓу посетителите и вработените.
Документација и управување со архиви
- Прием, дигитализација, безбедно чување и архивирање на правна и административна документација.
- Поддршка на административни активности, вклучително и подготовка на документи, архивирање и водење евиденција.
- Организација и одржување на физички и дигитални архиви со лесна достапност и усогласеност со процедурите.
- Прием и споделување документи со релевантни оддели и адвокати.
- Строго почитување на доверливост при ракување со чувствителна документација.
- Дополнителна административна поддршка за раководството и другите оддели по потреба
Канцелариски операции
- Надзор на дневното функционирање на рецепцијата и предниот дел на канцеларијата.
- Следење, нарачување и управување со канцелариски материјали и опрема.
- Координација со добавувачи, сервисни компании, курир.
Административна поддршка
- Подготовка на фактури и останти документи за достава по пошта.
- Уредно примање на документи, соортирање и чување согласно правилата на канцеларијата
- Асистенција на адвокатите при подготовка, скенирање, копирање и организација на документи.
Квалификации и профил на кандидат:
- Завршено високо образование – правен факултет како предност.
- Претходно работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност.
- Одлични комуникациски и меѓучовечки вештини.
- Високо ниво на професионалност, организираност и одговорност.
- Познавање на MS Office пакетот.
- Познавање на англиски јазик, албански и тусрки ќе се смета за предност.
- Внимание на детали и способност за повеќекратни задачи.
- Исклучителни комуникациски способности – јасно и љубезно изразување.
- Доверливост и интегритет – способност за работа со високо чувствителни информации.
- Смиреност под притисок – справување со барања/ обврски во итни ситуации на професионален начин.
- Приоритизација – управување со голем обем на задачи со прецизност.
- Висока емоционална интелигенција – адаптирање на стилот на комуникација во различни ситуации.
- Тимска соработка – поддршка и координација со адвокати и административен персонал.
- Професионален изглед, самодоверба и однесување.
- Позитивен пристап кон работата и клиентити/соработници/колеги
- Висока одговорност, точност и доверливост.
- Проактивен и ориентиран кон решенија во делокругот на работното место
- Способност за адаптација во динамична и предизвикувачка средина.
- Ориентација кон детали и обезбедување беспрекорно искуство за клиентите.
Слични огласи »