Промовирани огласи »

Што ве прави нервозни и исцрпени на работното место

Секој ден како лавиринт: што ве прави нервозни без да сфатите?

Секој од нас некогаш се чувствува исцрпено или нервозно по работниот ден, но кога ова станува секојдневие, тоа може да биде знак дека нешто не е во ред со вашата работна средина или навики. Еве неколку најчести причини зошто вработените се чувствуваат постојано под притисок:

Преголема количина на работа

Кога обврските се повеќе од времето или ресурсите што ги имате, неизбежно се појавува чувство на стрес. Постојаното „трчање по задачи“ го празни вашето ментално и физичко енергија.

Недостаток на контрола

Кога не можете да влијаете на тоа како и кога да ги извршите задачите, се чувствувате заробено. Недостатокот на автономија го зголемува стресот и ја намалува мотивацијата.

Слабa комуникација

Непoјасни инструкции, контрадикторни очекувања или недоволна поддршка од колеги и менаџментот создаваат конфузија и фрустрација, што води до нервоза.

Отсуство на признание

Кога вашиот труд останува непризнат, се јавува чувство на демотивација. Луѓето кои не се ценети на работа почнуваат да се чувствуваат исцрпено и неблагодарно.

Токсична работна средина

Конфликти, интриги или негативна култура на работа создаваат постојан притисок и вознемиреност. Дури и малите „дражби“ од колеги можат да акумулираат голем стрес со текот на времето.

Лош баланс помеѓу работа и приватен живот

Кога работата ја „прелива“ личната зона и времето за одмор, вашето тело и ум никогаш не добиваат вистинска пауза. Постојаното преоптоварување води до емоционално и физичко исцрпување.

Страв од грешки или неуспех

Претераниот перфекционизам и постојаната анксиозност околу резултатите создава нервоза и ја намалува продуктивноста.

Совет за справување:

Важно е да препознаете кои од овие фактори влијаат врз вас и да преземете конкретни чекори – од поставување јасни граници, комуникација со менаџментот, до практики за релаксација и организирање на приоритети. Исто така, отворениот разговор за стресот со колегите или HR-от може значително да го намали товарот.

Постои разлика помеѓу „нормален работен стрес“ и хроничен исцрпувачки стрес. Препознајте ги сигналите навреме и заштитете го вашето ментално здравје – тоа е најважниот ресурс на работа.

Прочитајте и за: Кога работата почнува да влијае негативно на вас – предупредувачки сигнали.

Тагови: совети за работа стрес на работно место

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Охрид!

Најновите огласи за работа во Охрид!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Охрид на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Охрид, еден од најубавите и најпосетуваните градови во Македонија, нуди многу можности за вработување во различни сектори. За да го пронајдете вашето идеално работно место во Охрид, посетете го нашиот веб сервис KARIERA.mk, како и на нашите социјални мрежи каде многу работодавци објавуваат отворени позиции.

Унапредувач На Продажба (Аранжер На Роба) во Охрид
Оператор за сортирање на проект- Охрид и Струга
Фармацевтски техничар – Ресен / работна позиција во Охрид
Фармацевт со лиценца - Охрид
Digital Marketing assistant / marketing assistant

Сите останати работни позиции од Охрид ќе ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најди работа во Битола!

Промовирани огласи »

Колку месеци пред да истече пасошот може да се патува во странство?

Колкава е толеранцијата на државите

Доколку навреме не проверите до кога ви важи пасошот и кои се роковите што ги прифаќаат земјите во кои планирате да патувате, лесно може да се случи да не ви биде дозволено да ја напуштите државата.

Фактот дека пасошот сè уште е важечки не значи автоматски дека ќе можете да отпатувате во странство. Секоја држава има свои правила за тоа колку време пред истек на важност документот мора да важи за да се помине границата. Непочитувањето на овие правила може да резултира со откажано патување, пропаднати авионски или автобуски карти, резервации и платен сместувачки капацитет. Во Министерството за надворешни работи беа проверени условите за патување во државите кои најчесто ги посетуваат македонските граѓани.

Правила за најчести дестинации

За влез во земјите-членки на ЕУ и Шенген-зоната, пасошот мора да важи најмалку три месеци по планираниот датум на напуштање на територијата, со одредени исклучоци предвидени со закон. Македонските граѓани со биометриски пасош можат да престојуваат до 90 дена во период од 180 дена, сметано од датумот на првиот влез.

За патување во Србија и Црна Гора, пасошот треба да биде валиден за времетраењето на престојот, односно може да се користи сè до датумот на истекување. За Албанија, пак, потребно е пасошот да важи најмалку три месеци по планираното напуштање на земјата. При патување во Турција, пасошот не смее да истече најмалку шест месеци по враќањето.

За престој во САД е потребен важечки пасош за целото времетраење на патувањето, како и претходно обезбедена виза. Доколку патувате во Египет, пасошот мора да биде валиден најмалку шест месеци од денот на влез во земјата.

Правила за влез во Македонија

За странски државјани кои влегуваат во Македонија, пасошот мора да важи најмалку три месеци по планираниот датум на заминување од земјата и да биде издаден во последните десет години.

Тагови: документи Пасош странство престој

Промовирани огласи »

ЕУ го одложи целосното воведување на EES до септември 2026 поради хаос на границите

Метеж, редици до седум часа и пропуштени летови го натераа Брисел да ја одложи целосната примена на системот за влез/излез (EES) до по летната сезона 2026 година.

Европската Унија го помести целосното воведување на системот за влез/излез (EES) од април на септември 2026 година, откако првичната примена покажа дека новите биометриски контроли создаваат сериозен метеж на граничните премини, особено во периодот на интензивен туристички сообраќај, соопшти Европската комисија.

EES постепено се применува од октомври 2025 година, но на аеродромите и пристаништата веќе се регистрирани долги редици, доцнења и пропуштени летови, бидејќи патниците од земјите кои не се членки на ЕУ мора да даваат биометриски податоци. Според податоците на ACI Europe, времето за обработка на патниците на некои аеродроми е зголемено и до 70 проценти, а во екстремни случаи чекaњето достигнува и до три часа, додека аеродромот во Лисабон во декември дури привремено го суспендираше системот поради редици и до седум часа.

Брисел нагласува дека одложувањето ќе им даде на земјите-членки поголема флексибилност за прилагодување на инфраструктурата и процедурите, а до целосната имплементација на EES патниците и понатаму ќе добиваат класични печати во пасошите при влез и излез од ЕУ.

Тагови: EEC граница ЕУ

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »