
Позиција: Attorney / Адвокат
Локација: Скопје
Тип на вработување: Полно работно време
Почеток: Веднаш / По договор
ЗЕКИРИ Адвокатска канцеларија има потреба од ангажирање на Attorney (Адвокат) поради проширување на својот тим.
Опис на позицијата:
- Обезбедување високо ниво на правна поддршка на домашни и странски клиенти;
- Застапување пред суд во граѓански и трговски предмети
- Самостојно водење и координација на сложени правни предмети;
- Изработка, преглед и преговарање на договори и правна документација;
- Правни анализи, мислења и др;
- Комуникација со клиенти, институции и странски партнери;
Изготвување и спроведување на документи за промени пред Централен Регистар Потребни квалификации:
- Завршено високо образование – Правен факултет;
- Положен правосуден испит и активна адвокатска лиценца;
- Како предност би се сметало Минимум 5 години работно искуство во областа на Адвокатурата;
- Одлично познавање на трговско и облигационо право;
- Искуство со меѓународни клиенти и трансакции ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен); Албански и Турски ќе се смета за предност.
- Развиени аналитички, комуникациски и организациски вештини;
- Способност за самостојна и тимска работа.
Ние нудиме:
- Работа во професионална и динамична работна средина;
- Учество во комплексни и меѓународни проекти;
- Континуиран професионален развој и напредување;
- Долгорочна соработка и стабилност.
Слични огласи »