Нептун Македонија лого

Референт за грижа на корисници

За компанијата:

Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Нептун Македонија:

ИТ Асистент - Возач – Курир

(преземи го огласот како слика)

BALFIN Group е една од најуспешните инвестициски групации во Западен Балкан. Основана во 1993 година, денес Групацијата работи во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Швајцарија, Црна Гора, Холандија, Канада и Соединетите Американски Држави.

Со диверзифицирано портфолио кое опфаќа повеќе сектори, меѓу кои банкарство, развој на недвижности, големопродажба и малопродажба, управување со средства, туризам, логистика, образование и забава, BALFIN Group континуирано ја зајакнува својата пазарна позиција. 

Со тим од околу 5.500 професионалци, BALFIN Group бележи стабилен и континуиран раст, воден од силна деловна етика, финансиска стабилност, иновации и долгорочна посветеност кон општествениот развој и заедницата. 

РЕФЕРЕНТ ЗА ГРИЖА НА КОРИСНИЦИ 

Одговорности и работни задачи: 

  • Администрација и одговарање на повици на клиенти, одговарање на барања, давање на информации, решавање на проблеми 
  • Прима дојдовни повици од потрошувачи 
  • Остварува појдовни повици кон потрошувачите 
  • Води евиденција и подготвува извештаи за остварените повици во системот на Друштвото 
  • Комуницира на социјалните мрежи, одговара на мејлови, контактира незадоволни купувачи, за соодветен одговор на прашања/поплаки/пофалби поставени на социјални мрежи, комуницира со соодветните служби од компанијата, собира информации и истите ги проследува  
  • Спроведува анкети согласно потребите од деловното работење  
  • Придонесува за успешно реализирање на продажбата и услугите на компанијата 
  • Администрира интернет нарачки и друга документација поврзана со нарачки за производи 

Потребни квалификации:

  • ССС/ВСС 
  • Искуство во грижа за корисници или call центар (предност) 
  • Познавање на англиски јазик (уснa и писменa комуникација), напредно ниво на работа со компјутер (Microsoft office и други компјутерски деловни апликации) 
  • Познавање на Албански јазик (пожелно) 
  • Способност за справување со тешки купувачи и справување со конфликтни ситуации 
  • Високо ниво на одговорност, педантност, точност и квалитетно извршување на работните задачи 
  • Високо развиени комуникациски способности, ориентираност кон клиенти, решавање проблеми 

Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа 
  • Работа во стимулативна и динамична средина, со професионален и мотивиран тим 
  • Можност за континуиран развој и професионална надоградба 

Доколку сакате да станете дел од амбициозен, професионален тим, кој се стреми да го одржи високото ниво на клиентско задоволство, ве покануваме да аплицирате.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »