
Позиција: Правен Приправник
Сектор: Правен Сектор
Локација: Скопје
Тип на вработување: Полно работно време
Почеток: Веднаш / По договор
Опис на Позицијата
Бараме мотивирана и detailno-ориентирана личност за позицијата Правен Приправник, која ќе се приклучи на нашиот правен тим. Ова е одлична можност за дипломиран правник, кој сака да стекне практично искуство во професионално правно опкружување. Избраниот кандидат ќе работи под менторство на адвокати и, со активно учество во секојдневните задачи и тековните предмети.
Клучни Одговорности
- Подготовка на правни поднесоци, документи, договори и кореспонденција.
- Навремено и континуирано следење на сите релевантни прописи, преземање одговорност и проактивно давање упатства и совети за нивна примена;
- Спроведување правни истражувања и прибирање релевантни закони, регулативи и материјали.
- Поддршка при изготвување договори, правни анализи и интерни меморандуми.
- Организирање, водење и архивирање на предмети и документација.
- Присуство на состаноци, рочишта и сесии со клиенти, по потреба.
- Комуникација со јавни институции (судови, регистри, општини, државни органи).
- Извршување административни задачи поврзани со управување со предмети и поддршка на клиенти.
- Почитување на доверливост и усогласеност со професионалната етика.
- Соработка со инспекциски или државни органи, во случаи на контрола или измена на законите кои се однесуваат на деловното работење;
- Изработка на предлози за поединечни и општи акти (одлуки, решенија, правилници, протоколи);
- Изработка на Договор за работа и целата останата работно-правна документација за вработените;
- Давaњe правни толкувања и правни мислења.
Квалификации
- Дипломиран правник или студент на Правен факултет (во завршна година).
- Одлични истражувачки и аналитички способности.
- Одлични вештини за писмена и усна комуникација.
- Високо ниво на прецизност и организираност.
- Познавање на MS Office (Word, Excel, Outlook).
- Способност за самостојна работа и тимска соработка.
- Професионален, одговорен и проактивен пристап.
- Посветеност, педантност и темелност во извршување на работните обврски
- Висока работна етика
- Организираност и одговорност
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Лојалност, самоиницијативност, темелност
Предност (не е задолжително)
- Претходно практично искуство во адвокатска канцеларија или правен сектор.
- Познавање корпоративно право, административни постапки или судска практика.
- Способност за работа под притисок и управување со повеќе задачи.
- Познавање англиски јазик; Албански и Турски ќе се смета за предност.
Што Нудиме
- Можност за практично искуство во динамична правна средина.
- Менторство и поддршка од искусни адвокати и повратени соработници.
- Можност за долгорочен ангажман врз основа на постигнати резултати.
- Пријатна и професионална работна атмосфера.
Слични огласи »