
За компанијата: GenLight е сеопфатна платформа за лабораториски анализи. Добавувачи сме за се што може да им биде потребно на лабораториите за контрола на квалитет, а истовремено имаме и акредитирана лабораторија за спроведување на сите анализи потребни за контрола на квалитет во индустријата.
повеќе за компанијата »GenLight е сеопфатна платформа за лабораториски анализи. Застапници сме на компании за лабораториски реагенси, потрошни материјали и хемикалии, а преку акредитираната лабораторија нудиме услуги за контрола на квалитет во индустрија. Заинтересирани сме за вработување на доктор по ветеринарна медицина со Б категорија возачка дозвола за спроведување на следните работни задачи:
- Продажба на реагенси, лабораториски потрошни материјали и опрема
- Продажба на лабораториски услуги
- Спроведување на аналитички методи во лабораторија
- Развој на реагенси и китови
- Верификација на методи
- Припрема на раствори
- Одржување на хигиената во лабораторијата
- Одржување на дел од системот за контрола на квалитет
- Прием на примероци
- Земање на примероци
- Дистрибуција на материјали
- Магацинска работа
Нудиме можност за унапредување на работното место во насока на развој на соработка со клиенти и/или развој во лабораториските вештини и познавања на аналитички методи. Имаме најголем опсег на методи во Македонија, што вклучува микробиологија, класични методи на аналитичка хемија, хроматографски методи, молекуларна биологија, клеточни култури и други. Работата е во прва смена, и ве следат сите законски регулирани поволности за одмор, регрес за годишен одмор и редовно покачување на плата. Платата е по договор во зависност од вештините што ги имате, и се одредува врз основ на одоговорностите што ги превземате и спроведувате.
Сите заинтересирани кандидати се добродојдени да го пратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] .
Планиран рок за вработување 15.11.2022
Останати огласи »