Молекуларен биолог / Микробиолог

За компанијата: GenLight е сеопфатна платформа за лабораториски анализи. Добавувачи сме за се што може да им биде потребно на лабораториите за контрола на квалитет, а истовремено имаме и акредитирана лабораторија за спроведување на сите анализи потребни за контрола на квалитет во индустријата. повеќе за компанијата »

GenLight е новосоздадена компанија за индустриска микробиологија и развој на дијагностички системи. Минималниот критериум за разгледување на вашата апликација е поседување на додипломско образование од областа на молекуларна биологија, биотехнологија, ветеринарна медицина или фармација и одлично познавање на англискиот јазик и способност за читање, критичка анализа и пишување на научни трудови.

 Идеалниот кандидат што го бараме има познавања и искуство, или е заинтересиран/а да научи во првиот месец:

  • Припрема на раствори на реагенси
  • Синтеза на органски соединенија
  • Испитување на концентрација на контаминанти во раствори
  • Спектрофотометриски и флуориметриски техники, и квантитативни метoди за анализа на истите
  • Микробиолошки техники и управување со клеточни култури
  • Изолација, сепарација и амплификација на ДНК и РНК
  • Секвенционирање на ДНК
  • Ензиматски манипулации на ДНК и РНК
  • Техники за клонирање
  • Конструирање на рекомбинантна ДНК
  • SDS-PAGE анализа на протеини
  • Основни биоинформатички алатки
  • HPLC

Сите заинтересирани кандидати се добродојдени да го пратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] . Успешните кандидати ќе влезат во првиот круг на предселекција што вклучува тестирање на вашите познавања, а кандидатите што ќе докажат теоретско знаење ќе бидат повикани на интервју во лабораторијата на GenLight. 

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »