Нептун Македонија лого

ИТ Асистент

За компанијата:

Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Нептун Македонија:

Возач – Курир - Референт за грижа на корисници

BALFIN Group е една од најуспешните инвестициски групации во Западен Балкан. Основана во 1993 година, денес Групацијата работи во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Швајцарија, Црна Гора, Холандија, Канада и Соединетите Американски Држави.

Со диверзифицирано портфолио кое опфаќа повеќе сектори, меѓу кои банкарство, развој на недвижности, големопродажба и малопродажба, управување со средства, туризам, логистика, образование и забава, BALFIN Group континуирано ја зајакнува својата пазарна позиција.

Со тим од околу 5.500 професионалци, BALFIN Group бележи стабилен и континуиран раст, воден од силна деловна етика, финансиска стабилност, иновации и долгорочна посветеност кон општествениот развој и заедницата.

ИТ Асистент

Нептун Македонија е во потрага по компетентен професионалец од областа на ИТ. Основна одговорност на ИТ Асистентот е обезбедување на поддршка во инсталација и одржување на компјутерската опрема, подршка на инфраструктурата, телефонските и емаил-системите итн. со цел креирање на пријатна работна атмосфера за сите корисници во компанијата и оптимизирање на работата на системот во согласност со техничките стандарди на компанијата. Ќе биде задолжен да детектира и разрешува случаи на дефекти или попречувања (поддршка од прв ред),  да ги информира корисниците за статусот на нивните барања упатени до Техничката поддршка на ИТ одделот, да ја набљудува и анализира постоечката инфраструктура на ИТ, да врши мониторинг и одржување на комуникационата мрежа, обезбедува техничка поддршка и учествува во проекти поврзани со модификација и  инсталација на програми и опрема. Обезбедува техничка поддршка за персонални компјутери, мобилни уреди и VOIP телефонија. Врши тестирање на нови уреди, софтвер и технологии. Обезбедува поддршка на корисниците на теренски локации.

 Потребни квалификации:

  • Високо образование од областа на ИТ и компјутерска техника ќе се смета за предност
  • Најмалку 2 години искуство во областа
  • Познавање и искуство со инсталирање и поддршка на Windows оперативни системи
  • Познавање од мрежно поврзување и рутирање: LAN, DHCP, DNS, Firewall, VPN
  • Искуство со хардвер (инсталација, дијагностика и решавање на проблеми)
  • Познавање на VOIP технологија
  • Основно познавање на Windows server оперативни системи и Active Directory
  • Познавањето на технологиите за виртуелизација (VMware, Hiper-v) ќе се смета за предност
  • Познавање на англиски јазик

Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа со тим на професионалци
  • Можност за развој и напредување
  • Работно време: понеделник-петок; 07:30/08:00 – 15:30/16:00часот
  • Доколку сакате да бидете дел од нашиот динамичен, амбициозен и професионален тим, а воедно ги поседувате бараните квалификации, ве покануваме да аплицирате.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »