
За компанијата:
Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »
Новомак е специјализирана компанија со седиште во Скопје, водечки дистрибутер и ексклузивен застапник на репроматеријали за изработка на мебел од бројни реномирани европски брендови. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите стекнати со долгогодишната традиција. Градиме кооперативна култура и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила. Доколку сакаш да бидеш дел од нашата визија и мисија, те повикуваме да аплицираш за следната позиција:
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Поради проширување на капацитетите, компанијата има потреба од Сметководител.
Потребни квалификации:
- Високо образование – Економски факултет
- Најмалку 5 години работно искуство како сметководител
- Одлично познавање на MS Office и работа со сметководствени апликации (познавање на Pantheon ќе се смета за предност)
- Познавање на англиски јазик за деловна кореспонденција
- Уверение за овластен сметководител
- Аналитичност, прецизност и одговорност во работата
Работни одговорности:
- Целосно водење и контрола на сметководственото работење
- Контрола на книжењето на финансиската и материјалната документација
- Извршување сметководствени активности согласно сметководствените стандарди и важечките законски прописи
- Подготовка на финансиски извештаи
- Комуникација со релевантни државни институции
📧 Аплицирајте со ваша биографија на: [најави се за да го видиш е-маилот]
🕒 Рок за аплицирање: 21.03.2026
Слични огласи »