
За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »Мотиви Вработување за потребите на својот клиент Property One – Real Estate & Development објавува оглас за:
Администратор во Сметководство
Работни одговорности:
- Изработка, евидентирање и книжење на излезни фактури
- Книжење и евидентирање на влезни фактури, нивно поврзување со излезни фактури
- Изработка и доставување на авансни фактури, затворање на аванси
- Книжење на банкарски изводи (денарски и девизни, главни и наменски сметки)
- Работа со благајна
- Книжење на увозни декларации
- Извршување денарски и девизни плаќања
- Пресметка во Е-ПДД систем
- Евидентирање на плати и подготовка на податоци за матично книговодство
- Подготовка на ДДВ извештаи и нивно усогласување со матично книговодство
- Поддршка при подготовка на финансиски извештаи и планови
Потребни квалификации и вештини:
- Завршено средно или високо образование од областа на економија, сметководство или финансии
- Претходно работно искуство во сметководство или административна финансиска работа (ќе се смета за предност)
- Познавање на сметководствена и финансиска регулатива
- Одлично познавање на MS Office (Excel) и работа со сметководствени програми
- Прецизност, аналитичност и организациски вештини
- Одговорност и способност за работа во тим
Нудиме:
- Професионална и стабилна работна средина
- Можност за развој и напредување
- Конкурентни услови за работа
Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат на копчето за брза апликација, своите професионални биографии можат да ги проследат на: kariera@motivi.mk (со назначена позиција за која сте заинтересирани), или со порака на Viber: +389 78 479 313
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.
* Кандидатoт, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта kariera@motivi.mk
Слични огласи »