BALFIN Group е една од најуспешните инвестициски групации во Западен Балкан. Основана во 1993 година, денес Групацијата работи во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Швајцарија, Црна Гора, Холандија, Канада и Соединетите Американски Држави.
Со диверзифицирано портфолио кое опфаќа повеќе сектори, меѓу кои банкарство, развој на недвижности, големопродажба и малопродажба, управување со средства, туризам, логистика, образование и забава, BALFIN Group континуирано ја зајакнува својата пазарна позиција. Со тим од околу 5.500 професионалци, BALFIN Group бележи стабилен и континуиран раст, воден од силна деловна етика, финансиска стабилност, иновации и долгорочна посветеност кон општествениот развој и заедницата.
Како дел од BALFIN Group, Нептун Македонија, водечки лидер во малопродажбата на технолошки производи, го зајакнува својот тим во финансии и објавува оглас за позицијата:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЛАЌАЊА И КОНТРОЛА НА ДНЕВЕН ПРОМЕТ
Клучни одговорности:
- Ги спроведува сите девизни и денарски плаќања по налог од претпоставен
- Анализира курсеви и банкарски провизии и обезбедува најповолна понуда при купување девизи
- Спроведува процес на отворање нови картички за службени потреби согласно дадени насоки
- Следи состојба и лимити на картичките и се грижи за навремено полнење
- Книжи патни налози и сметки за патарини
- Контрола и проверка на фискални сметки и трговски книги од продавници
- Реализира поврат на средства за продавници и WEB трансакции
- Поддршка при дневно усогласување со фискални принтери
- Обезбедува поддршка за POS терминали и фискални принтери
- Усогласување на картички по деловни единици
- Подготвува дневни, месечни и периодични извештаи за усогласеност со трговска книга и извештаи за ДДВ
- Подготвува извештаи за промет за трговски центри
- По потреба спроведува обуки за работа на каса за продавниците
Квалификации и вештини:
- Минимум средно или високо образование (економски насоки – предност)
- Искуство во финансии, сметководство или администрирање на плаќања
- Пожелно е искуство во малопродажна дејност или други големи системи
- Одлично познавање на работа со компјутер и MS Office (особено Excel)
- Прецизност, одговорност и аналитички пристап кон работата
- Способност за работа со рокови и повеќе задачи истовремено
- Комуникативност и професионално писмено изразување
- Способност за решавање проблеми и самостојно носење одлуки во рамките на надлежностите
Што нудиме?
- Работа во стабилна и меѓународно присутна групација
- Динамична и одговорна работна позиција
- Можности за развој и напредување
- Професионална средина и поддршка од тимот
- Пакет на бенефиции согласно позицијата
- Работно време (флексибилно: 7:30-8:30 до 15:30-16:30)
Доколку се препознавате во овој опис и сакате да бидете дел од динамична, современа и мотивирачка работна средина, ве охрабруваме да аплицирате преку означеното поле најдоцна до 15.03.2026.