
За компанијата:
Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »
Новомак е специјализирана компанија со седиште во Скопје, водечки дистрибутер и ексклузивен застапник на репроматеријали за изработка на мебел од бројни реномирани европски брендови. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите стекнати со долгогодишната традиција. Градиме кооперативна култура и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила. Доколку сакаш да бидеш дел од нашата визија и мисија, те повикуваме да аплицираш за следната позиција:
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
Го прошируваме тимот и бараме Графички дизајнер кој ќе ја дава визуелната форма на нашата приказна на модерен и креативен начин.
Потребни квалификации:
- Високо образование во графички дизајн, визуелни комуникации, ликовна уметност или сродни дисциплини
- Најмалку 3 години работно искуство
- Одлично познавање на Adobe Creative Suite (Illustrator, Photoshop, InDesign); познавање на Premiere Pro и After Effects е предност
- Креативност, внимание на детали и самостојност
- Способност за тимска работа и работа со кратки рокови
Работни задачи:
- Дизајн на дигитални и печатени материјали (социјални медиуми, Google Ads, каталози, брошури)
- Соработка со маркетинг тимот за креативни кампањи и презентации
- Почитување на бренд насоките и унапредување на визуелниот идентитет
📧 Аплицирајте со ваша биографија на: [најави се за да го видиш е-маилот]
🕒 Рок за аплицирање: 21.03.2026
Слични огласи »