Промовирани огласи »

Вработување во Хотел Мериот!

Погледнете ги сите огласи за вработување во Хотел Мериот!

Сместен на самиот плоштад Македонија, хотелот Marriott Skopje претставува симбол на луксуз, врвна услуга и современ стил во срцето на градот. Како дел од глобалниот синџир Marriott International, хотелот нуди уникатно искуство за гостите, со високи стандарди на услуга, комфор и гостопримство. Располага со модерно опремени соби, врвен спа и фитнес центар, ресторан со интернационална кујна и еден од најпрестижните бизнис и настански капацитети во регионот.

Работата во Marriott значи да си дел од светски препознатлив бренд, кој ги негува вредностите на интегритет, иновација и тимска работа. Ако си личност која е посветена на квалитет, има страст за угостителство и сака да биде дел од динамична и професионална средина – Marriott Skopje е вистинското место за тебе!

Моментално вработува:

Хостеса / Hostess
Помошник во Спа центар / Spa Attendant
Собар - ка / Hotel Cleanliness Expert
Хигиеничар-ка/ Hotel Cleanliness Expert
Телефонист / Agent - At Your Service
Рецепционер/ Guest Experience Expert
Executive Housekeeper I / Главен Супервизор на собарки
Келнер-ка/ F&B Service Expert

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Тагови: Skopje Marriott Hotel

Промовирани огласи »

WITCON 2025: Конференција на којашто идеите се претвораат во влијание и нови можности

Eдна конференција, илјада можности: Зошто сите зборуваат за WITCON 2025?

На 21 и 22 ноември 2025 година WITCON 2025, конференцијата за вештачка интелигенција, технологија и иновации, ќе обедини 59 светски говорници и над 450 интернационални делегати од повеќе од 60 земји, визионери кои ја редефинираат иднината на дигиталниот свет.

Ова издание на WITCON,  глобален онлајн настан на 21ви ноември и со физичка програма во Marriott Hotel Skopje на 22ри ноември, ќе биде платформа каде што ќе се сретнат идеи, искуства и стратегии од најголемите компании и институции во светот. Говорници од компании како Microsoft, NOKIA, Mercedes-Benz Mobility, ABN AMRO Bank, HalkBanka, Intertec, Titan Usje, A1, Deltatre, Valtech, Slice, G+ D Netcetera, Creative Hub, Startup Club Skopje, Women in Tech Global, Metergram, Infinum, Proxiad, Ethereum Macedonia, ФИНКИ, IT:U и многу други глобални организации, стартапи и академски центри ќе го споделат своето, знаење, искуства и последни трендови во индустријата.

Меѓу најистакнатите говорници ги споделуваме следниве имиња со нивните теми на WITCON:

  • Ady Mor-Biran (Microsoft Garage) – за новата ера на AI агентите и иновациите одвнатре.
  • Atul Joshi (NOKIA) – за најновите технолошки трендови во AI.
  • Linda Cereda (Италија) – за стратегиски пристап кон AI во маркетинг.
  • Stefan Miteski (Mercedes-Benz Mobility) – за скалирање продукти и тимови во интернационален контекст.
  • Kirsten Goedhart (ABN AMRO Bank) – за дигитална трансформација на корпорации.
  • Nevena Joskoska (Deltatre) – за патот од љубопитност до лидерство во tech.
  • Miodrag Cekikj (Adopt Intelligence, Microsoft MVP) – за генеративна и агентска интелигенција.
  • Franka Grazhdani (Ethereum Macedonia) – за блокчејн, Web3 и довербата во дигиталната економија.
  • Ina Markovik (DINNA AI, Harvard Business School cert.) – за практични AI решенија за мали бизниси.
  • Jasmin Alić – за градење на личен бренд и LinkedIn стратегии кои носат резултати.

Темите ќе опфатат широк спектар на современи предизвици: од AI во образованието, дигитална доверба и сајбер безбедност, до етичка технологија, стартап екосистеми, здравство, e-mobility и иднината на работата.

Оваа година, WITCON ги обединува гласовите на говорници од Македонија, САД, Велика Британија, Германија, Холандија, Австрија, Италија, Франција, Шпанија, Белгија, Швајцарија, Канада, Монголија, Израел, Индија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина, создавајќи вистинска глобална сцена на идеи и визија.

Со комбинација од креативност, знаење и енергија, WITCON 2025 ја надминува формата на класична конференција и станува место каде идеите оживуваат, а новите партнерства создаваат идни можности. Картите се достапни на овој линк.

За сите кои сакаат да бидат дел од највлијателниот технолошки настан во регионот и да слушнат идеи што го менуваат светот, WITCON 2025 е местото каде што иднината започнува.

Промовирани огласи »

39% од денешните вештини ќе бидат застарени до 2030 година

39% од денешните вештини ќе бидат застарени во следните пет години

Светот на работата се менува побрзо од кога и да било досега. Според најновиот извештај на Светскиот економски форум (World Economic Forum), речиси четири од десет вештини што денес ги користиме, до 2030 година ќе станат застарени. Со други зборови – дел од она што денес го знаеме и умееме, веќе нема да биде доволно во блиска иднина.

Причината е јасна

💡 Брзиот развој на технологијата, вештачката интелигенција, автоматизацијата и дигиталните алатки целосно го менуваат начинот на кој работиме. Работните места кои порано бараа рутина и прецизност, сега бараат креативност, аналитичко размислување, прилагодливост и емоционална интелигенција.

Но ова не е причина за страв – туку за акција

Компаниите што навреме ќе вложат во обуки и развој на своите вработени, ќе создадат луѓе подготвени за иднината. А вработените кои се љубопитни, отворени за промени и подготвени да учат, ќе бидат меѓу најбараните професионалци на пазарот.

🚀 Иднината на работата не ја одредува технологијата – туку нашата подготвеност да учиме и да се развиваме. Започни уште денес – избери нова вештина, курс или обука што ќе ти помогне да останеш чекор пред времето.

Прочитајте и за: Сезонско и повремено вработување: што носи новиот закон за компаниите во Македонија

Тагови: HR работни вештини

Промовирани огласи »

Каков почеток на неделата нè очекува?

Облачно и дождливо утро, со поројни врнежи и грмежи во текот на денот

Денеска не очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат поројни и пообилни, проследени со можни грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Во Скопје, времето ќе биде облачно со дожд, особено попладневните часови, кога се очекува и поинтензивни врнежи, придружени со слаб југоисточен ветер.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

6.12.2025 Сабота   / 11° 06:44   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h










10°
10°
11°
11°
10°
10°
10°








3

3

4

4

4

4

3

3

3

3

2

2

2

2

2

2

2
7.12.2025 Недела   / 12° 06:45   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h













10°
11°
12°
11°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

1

1

2

2

2

2

3

3

3

3

3

2

2

2
8.12.2025 Понеделник   / 13° 06:46   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h












11°
12°
12°
13°
12°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

2

3

2

2

2

2

2

2

2

2
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »