Промовирани огласи »

Забрана за возење без печат во дозволата: МВР воведува СМС и имејл известувања

Нова дигитална постапка: забраната за управување со моторно возило ќе стартува со втора СМС-порака, без вадење нова возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи ги воведе најавените законски измени со кои забраната за управување со моторно возило повеќе нема да се впишува физички во возачката дозвола, туку ќе се активира дигитално – преку СМС-порака и електронска пошта. Со тоа се укинува обврската граѓаните да плаќаат за издавање нова дозвола со впишана забрана, а постапката станува побрза и поедноставна.

Новиот систем функционира во две фази: првата СМС-порака, која се праќа околу седум дена по пополнување на изјавата со контакт податоци, ги содржи информациите за видот и времетраењето на санкцијата. Осум дена по приемот на оваа порака се испраќа втора СМС-порака, од чиј момент формално започнува да тече забраната за управување со моторно возило. Од МВР нагласуваат дека рокот не започнува од денот на пополнување на изјавата, туку исклучиво по добивањето на втората порака, а досега преку новиот модел се реализирани над 3.000 забрани по правосилни судски пресуди.

Министерството апелира сите граѓани со изречена ваква санкција, кои добиле покана, да се јават во надлежните одделенија за управни работи за ажурирање на мобилниот број и е-мејл адресата, за да се обезбеди правилно и навремено извршување на забраната и да се избегнат недоразбирања. Санкцијата ќе се спроведе и кон оние што се обидуваат да ја избегнат, доколку МВР веќе располага со нивните контакт податоци, а паралелно автоматски се извршуваат и забраните утврдени преку системот „Безбеден град“, за прекршоци за кои е предвидена ваква мерка и е прифатена одговорноста со платена глоба.

Тагови: возачка дозвола Министерство за внатрешни работи (МВР) Сејф сити - Безбеден град СМС

Промовирани огласи »

Вработување во Иуте Македонија, OIP Insurtech и Agile Pro Solution!

Огласи за работа во Иуте Македонија, OIP Insurtech и Agile Pro Solution!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

OIP Insurtech ги поедноставува осигурителните операции и ги оптимизира работните процеси преку комбинирање на длабоко познавање на индустријата со напредна технологија.

Моментално вработува:

INSURANCE ADMINISTRATIVE ASSISTANT – 2ND SHIFT

ТБМ Гроуп е меѓу водечките европски компании кои организираат тематски бизнис конференции. Како динамичен тим високо ги цениме различностите и новите таленти.

Моментално вработува:

BUSINESS DEVELOPMENT EXECUTIVE

Аурора Турс повеќе од три децении е меѓу водечките туристички компании во Македонија и регионот.

Моментално вработува:

ПРОФЕСИОНАЛЕН ТУРИСТИЧКИ АГЕНТ

Иуте Македонија е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteGroup AS, избрана за една од најбрзо-растечките компании во Европа.

Моментално вработува:

СОВЕТНИК ЗА КЛИЕНТИ – ТЕТОВО

Transcom Macedonia специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА СО ФРАНЦУСКИ+АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ
ITALIAN-SPEAKING TRAINER (M/F)

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик.

Сите огласи од Вдл Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Agile Pro Solution (APS) е основана со идејата да го донесе европскиот талент до американските компании. Со повеќе од 11 години искуство, напорно работиме на редефинирање на класичниот аутсорсинг пристап и нудиме поекономично и поефикасно решение за растечките бизниси.

Моментално вработува:

SALES DEVELOPMENT REPRESENTATIVE (US MARKET)
LEAD GENERATION SPECIALIST - B2B (ON-SITE IN SKOPJE)
SALES REPRESENTATIVE IN SKOPJE
SALES REPRESENTATIVE IN TETOVO
SALES TEAM LEADER

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЛАЌАЊА И ДНЕВЕН ПРОМЕТ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Искреност, дисциплина и љубов – формулата зад успехот на МОКИ

Не само бренд, туку емоција – МОКИ

Кој е основачот на брендот МОКИ и што стои зад идејата за неговото создавање?

Основачка на брендот МОКИ сум јас – Моника, водена од желбата и поривот да создадам нешто со моите раце и да го споделам со околината.

Како и кога се роди идејата за МОКИ и што ве инспирираше да започнете со илустрирани производи?

МОКИ започна да постои во 2019 година, а во 2022 година доби и физичка продавница. МОКИ не постои поради инспирација, туку поради потребата да го споделам креативниот и емоционалниот свет што го носам во себе.

Кои се најголемите предизвици со кои се соочивте на почетокот и како ги надминавте?

Еден од најголемите предизвици со кои сум се соочила беше да ја задржам упорноста, дисциплината и надежта дека проект како МОКИ може да успее во средина што минимално, речиси непостоечки, ги поттикнува и поддржува уметниците. За среќа, природно го најдов патот до вистинската публика, која ги прави сите предизвици подносливи.

Како би го опишале стилот и филозофијата на вашите продукти – што ги прави уникатни?

Сѐ што правам е искрено и од срце – тоа е целата филозофија.
 

Кое е најпродаваното парче од вашата колекција и зошто мислите дека потрошувачите го сакаат?

Најпродавани се картичките/честитките, бидејќи луѓето сакаат меѓусебно да се потсетуваат дека мислат едни на други. Во моите честитки има простор за секаква љубов и за секое чувство, па лесно ја пронаоѓаат вистинската порака.

Како ја одржувате креативноста и инспирацијата кога креирате нови дизајни?

Постојано истражувам – и надвор од мене, и внатре во себе.

Дали имате некоја специфична порака или вредност што сакате да ја пренесете преку вашите производи?

Да – во МОКИ има место за сите искрени и отворени срца.

Што би им порачале на младите креативци кои размислуваат да започнат свој бренд?

Да не брзаат, да бидат подготвени дека патот не е без препреки, да останат автентични и дисциплинирани и во целиот процес да најдат начин да ја зачуваат својата слобода.

Тагови: уметност МОКИ креативност

Промовирани огласи »

Хартиените упати заминуваат во историја: Целосна дигитализација на здравствените евиденции

Новиот закон ги претвора упатите, рецептите и извештаите во целосно дигитална форма преку „Мој Термин“, со повеќе безбедност и полесен пристап за пациентите.

Упатите, рецептите и медицинските извештаи наскоро повеќе нема да се издаваат на хартија, туку целосно дигитално преку Националниот систем за електронски евиденции во здравството „Мој Термин“. Измените на Законот за евиденциите од областа на здравството, кои ги претстави министерот за здравство Азир Алиу, предвидуваат медицинската документација да се води електронски, а хартијата да се користи само како привремено решение при прекин на системот. Клучна новина е воведувањето Електронско здравствено досие за секој пациент, кое ќе биде централен извор на сите здравствени податоци – од прегледи и резултати до упати, рецепти и телемедицински услуги, со директен пристап за граѓаните преку портал или мобилна апликација.

Законот наложува техничка и семантичка интероперабилност на сите здравствени информатички системи, што значи дека јавните и приватните здравствени установи ќе мора да користат сертифицирани решенија усогласени со „Мој Термин“, со задолжително евидентирање на секој пристап до здравствените податоци. Првпат се регулира и интеграцијата на телемедицината и мобилното здравство (mHealth), при што онлајн-консултациите добиваат иста правна важност како физичките прегледи. Предвидена е и контролирана секундарна употреба на анонимизирани податоци за научни истражувања, статистика и развој на политики, со строга забрана за каква било злоупотреба што би довела до дискриминација, профилирање или економска штета за поединец.

Со измените се централизираат и интегрираат здравствените регистри во рамки на националниот систем и се зајакнуваат безбедносните стандарди, вклучително и обврска за здравствените установи да воспостават системи за управување со информациска безбедност и да пријавуваат инциденти. Министерот Алиу нагласи дека законските решенија се делумно усогласени со европските регулативи за дигитално здравство, меѓу кои и Регулативата за Европскиот простор за здравствени податоци, и дека со тоа се поставуваат темелите за модерен, сигурен и интероперабилен систем кој ќе го подобри квалитетот и ефикасноста на здравствените услуги. Во тек е и финализирање на измените на уште 12 закони од областа на здравството, кои постепено се објавуваат на ЕНЕР.

Тагови: Министерството за здравство Мој Термин рецепт

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »