
За компанијата:
Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »
Новомак е специјализирана компанија со седиште во Скопје, водечки дистрибутер и ексклузивен застапник на репроматеријали за изработка на мебел од бројни реномирани европски брендови. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите стекнати со долгогодишната традиција. Градиме кооперативна култура и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила. Доколку сакаш да бидеш дел од нашата визија и мисија, те повикуваме да аплицираш за следната позиција:
ПРОДУКТ МЕНАЏЕР
Поради проширување на капацитетите, компанијата има потреба од Продукт менаџер кој ќе биде одговорен за управување со продажното портфолио, комуникација со добавувачи и следење на пазарните трендови.
Работни обврски:
- Управување и следење на залихите и планирање навремени нарачки
- Комуникација со фабрики и добавувачи, како и следење на производството и испораките
- Анализа на продажни податоци и предлагање мерки за подобрување на продажбата
- Следење на пазарни трендови и новитети, како и проширување на асортиманот
- Преговарање со добавувачи и градење долгорочни партнерски односи
Потребни квалификации:
- Аналитичко размислување и бизнис ориентација
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Способност за тимска работа и работа под притисок
- Одговорност, ефикасност и проактивност
📧 Аплицирајте со ваша биографија на: [најави се за да го видиш е-маилот]
🕒 Рок за аплицирање: 21.03.2026
Слични огласи »