
Советник - одржување на информатички систем, Одделение за информатички работи, Сектор за правно нормативни работи, јавни набавки, информирање и услуги, информатички и општи работи
- Објавен пред 6 дена
- Општина Штип
- Активен до 13.08.2026
- Позиција: државни службеници
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Природно-математички науки - Компјутерски и информациски науки
- најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник - петок
- Работни часови: 40 неделно
- Работно време: од 07:30 до 15:30
Паричен нето износ на плата: 41.041,00 денари