Промовирани огласи »

Македонија и Романија со најголем раст на минималните плати во Европа, според Евростат

Од јануари до јули 2026 година, Македонија забележала најголемо зголемување на минималната плата меѓу анализираните земји – 6,9 проценти.

Евростат ги објави најновите податоци за минималната плата во државите од Европската унија и во земјите кандидати. Според стандардите за куповна моќ (PSS), најголем напредок бележат Македонија и Романија кај кои е забележан скок за осум места по што следи Србија која има напредок од пет места.

Според овој параметар, Македонија е држава која е рангирана пред седум земји членки на Европската унија. Според овој показател, Македонија со 1.142 единици на куповна моќ се рангира пред Малта, Словачка, Унгарија и Чешка.

Кога се споредуваат рангирањата во номинални услови и PPS низ 27-те земји, најголемите победници се Романија и Северна Македонија. Романија се искачува од 20-то на 12-то место, додека Северна Македонија се искачува од 24-то на 16-то место, при што обете напредуваат за осум места. Србија напредува за пет места, Хрватска и Бугарија за три места. Најголем губитник е Естонија, која паѓа од 16-то на 26-то место, додека Латвија, Чешка и Кипар исто така губат четири места, велат од Евростат.

Од државите членки на ЕУ, според овој параметар, на прво место е Германија по што следуваат Луксембург, Холандија, Унгарија и Чешка.

Од јануари до јули 2026 година, Македонија забележала најголемо зголемување на минималната плата меѓу анализираните земји – 6,9 проценти. Следуваат Романија и Естонија со по 6,8 проценти, Белгија со 5,8 проценти, Грција со 4,5 проценти, Луксембург со 2,5 проценти, Франција со 2,4 проценти и Холандија со 1,9 проценти.

Податоците на Евростат покажуваат дека само осум држави од 29 европски земји ја зголемиле бруто минималната плата од јануари наваму. На прво место е Луксембург каде бруто минималната плата изнесува 2.771 евро по што следуваат Ирска со 2.391 евро, Германија со 2.343 евра, Холандија со 2.338 евра и Белгија со 2.234 евра.

Македонија, Црна Гора и Србија, како држави кандидати за Европската унија, имаат повисока бруто минимална плата од Бугарија, која е членка на ЕУ.

Од државите членки на Европската унија најниска бруто минимална плата има Бугарија - 620 евра, додека повисока од неа имаат некои држави кандидати за Европската унија како што се Македонија со 624 евра, Црна Гора со 670 евра и Србија со 743 евра минимална плата.

Тагови: Евростат Македонија минимална плата Романија

Промовирани огласи »

7 совети за CV што привлекува внимание

Вашето CV ве чини интервју? Еве што треба да промените!

Вашето CV е првиот впечаток што ќе го оставите кај работодавачот. Во многу случаи, регрутерите поминуваат само неколку секунди разгледувајќи една биографија пред да одлучат дали кандидатот ќе продолжи во следната фаза.

Токму затоа, добро структуираното и јасно CV може да направи голема разлика.

1. Прилагодете го CV-то за секоја позиција

Не испраќајте исто CV за секој оглас. Прочитајте го описот на работното место и нагласете ги искуството, вештините и достигнувањата што се најрелевантни за конкретната позиција.

2. Започнете со краток професионален профил

На почетокот на CV-то вклучете неколку реченици во кои ќе се претставите. Истакнете го вашето искуство, клучните вештини и професионалните цели. Ова му помага на регрутерот веднаш да добие јасна слика за вас.

3. Истакнете конкретни резултати

Наместо само да ги наброите работните задачи, покажете што сте постигнале. На пример, наведете дека сте го зголемиле бројот на клиенти, сте подобриле процес или успешно сте реализирале важен проект. Конкретните резултати оставаат многу посилен впечаток.

4. Нека биде прегледно и лесно за читање

Користете јасни наслови, кратки пасуси и уреден распоред. Избегнувајте долги блокови текст и непотребни графички елементи што можат да ја отежнат читливоста.

5. Вклучете ги најважните вештини

Наведете ги техничките и меките вештини што се релевантни за позицијата. Познавање на странски јазици, дигитални алатки, комуникациски способности и тимска работа се често меѓу најбараните квалификации.

6. Проверете дали има правописни грешки

Дури и мала правописна или граматичка грешка може да остави впечаток на невнимателност. Пред да го испратите CV-то, прочитајте го неколку пати или замолете некој друг да го прегледа.

7. Бидете искрени

Не наведувајте искуство или вештини што не ги поседувате. На интервјуто лесно може да се утврди дали информациите во CV-то се точни. Искреноста и автентичноста се секогаш подобар избор од претерувањето.

Доброто CV не е најдолгото, туку она што брзо и јасно покажува зошто токму вие сте вистинскиот кандидат. Фокусирајте се на релевантното искуство, конкретните резултати и прегледниот изглед. Со внимателно подготвена биографија значително ги зголемувате шансите да бидете повикани на интервју.

Следниот пат кога ќе аплицирате за работа, одвојте дополнителни неколку минути за да го прилагодите вашето CV тоа може да биде чекорот што ќе ве доближи до посакуваната кариера.

Прочитајте и за: Совети за вработени кои сакаат унапредување

Тагови: CV совети за работа

Промовирани огласи »

Најновите огласи за работа во Скопје!

Најди работа во Скопје!

Скопје како главен град и економски центар на Македонија нуди широк спектар на можности за вработување во разни индустрии и сектори. Во последно време, пазарот на трудот во Скопје забележува зголемена побарувачка за професионалци од различни области, од технологија и маркетинг до угостителство и администрација. 

Еве некои од најновите и најпопуларни огласи за работа во градот:

Технолог
Продавач/ка - Касиер/ка - Ново Лисиче
Магационер
Talent Acquisition Intern
Junior Talent Acquisition Specialist (German speaking)

Останатите оглси за во Скопје можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најнови огласи за работа во Струга!

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, со која од полноќ бензините ќе поевтинат, додека дизелот и екстра лесното масло ќе поскапат.

Со новата пресметка, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2 денари и ќе изнесува 91 денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така поевтинува за 2 денари и ќе се продава по 93 денари за литар.

Од друга страна, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поскапува за 1 денар и ќе чини 99,50 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 0,50 денари, достигнувајќи цена од 98,50 денари за литар.

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,680 денари по килограм и ќе изнесува 46,419 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека во пресметката повторно е применет намален износ на акцизата – 2 денари по литар за бензините и 4 денари по литар за дизелот.

Тагови: бензински пумпи нафтените деривати Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »