Промовирани огласи »

Најновите огласи за работа во Скопје!

Најди работа во Скопје!

Скопје како главен град и економски центар на Македонија нуди широк спектар на можности за вработување во разни индустрии и сектори. Во последно време, пазарот на трудот во Скопје забележува зголемена побарувачка за професионалци од различни области, од технологија и маркетинг до угостителство и администрација. 

Еве некои од најновите и најпопуларни огласи за работа во градот:

Технолог
Продавач/ка - Касиер/ка - Ново Лисиче
Магационер
Talent Acquisition Intern
Junior Talent Acquisition Specialist (German speaking)

Останатите оглси за во Скопје можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најнови огласи за работа во Струга!

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, со која од полноќ бензините ќе поевтинат, додека дизелот и екстра лесното масло ќе поскапат.

Со новата пресметка, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2 денари и ќе изнесува 91 денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така поевтинува за 2 денари и ќе се продава по 93 денари за литар.

Од друга страна, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поскапува за 1 денар и ќе чини 99,50 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 0,50 денари, достигнувајќи цена од 98,50 денари за литар.

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,680 денари по килограм и ќе изнесува 46,419 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека во пресметката повторно е применет намален износ на акцизата – 2 денари по литар за бензините и 4 денари по литар за дизелот.

Тагови: бензински пумпи нафтените деривати Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ)

Промовирани огласи »

Како да купите половен автомобил и да не згрешите?

Неколку трикови со кои ќе дознаете колку вреди автомобилот

Купувањето половен автомобил може да биде одлична инвестиција, но само доколку внимателно ја проверите неговата состојба. За разлика од новите возила кои доаѓаат со фабричка гаранција, кај половните автомобили постои поголем ризик од скриени дефекти, вратена километража, претходни сообраќајни незгоди или несоодветно одржување. Затоа, пред да потпишете договор, издвојте време за детална проверка.

Не носете одлука набрзина

Не дозволувајте добрата цена да ве натера веднаш да го купите возилото. Доколку е можно, предност имаат автомобили со позната сервисна историја или возила купени од лица на кои имате доверба. Ако купувате од автоплац, проверете дали се нуди гаранција, можност за сервисна проверка или друга дополнителна заштита за купувачот.

Проверете ја сервисната историја

Доколку продавачот поседува сервисна книшка или фактури од редовните сервиси, тоа е добар знак дека автомобилот бил одржуван. Побарајте информации кога последен пат биле сменети маслото, ременот, спојката, кочниците и останатите потрошни делови.

Внимателно прегледајте ја каросеријата

Иако автомобилот може да изгледа одлично на прв поглед, деталите често откриваат многу. Проверете дали има разлика во бојата на поединечни делови, нерамномерни празнини помеѓу вратите, хаубата и багажникот, како и траги од повторно фарбање или заварување. Отворете го багажникот и проверете го просторот кај резервното тркало, каде најлесно се забележуваат последици од удар.

Исто така, проверете дали сите стакла имаат иста година на производство. Ако едно или повеќе стакла се значително понови, можно е автомобилот претходно да бил оштетен.

Внатрешноста открива многу

Состојбата на воланот, педалите, менувачот и седиштата може да покаже дали километражата е реална. Доколку автомобилот има мала километража, а овие делови се значително истрошени, тоа може да биде причина за сомнеж.

Проверете дали работат клима-уредот, електричните прозорци, светлата, мултимедијалниот систем, сензорите и останатата електроника, бидејќи нивната поправка често е скапа.

Не го прескокнувајте тест-возењето

Пред да донесете конечна одлука, задолжително направете тест-возење. Обрнете внимание дали моторот работи рамномерно, дали има необични звуци, како се однесува менувачот, дали управувањето е стабилно и дали автомобилот влече на една страна при возење или кочење.

Проверете ги гумите

Нерамномерно истрошени пневматици можат да укажуваат на проблеми со трапот или суспензијата. Дополнително, проверете ја годината на производство на гумите  дури и ако имаат добар профил, многу стари гуми ја губат својата безбедност.

Проверете ја документацијата

Пред купувањето, споредете го бројот на шасијата (VIN) на автомобилот со бројот во сообраќајната дозвола. Доколку е можно, проверете дали возилото има неплатени обврски, дали било предмет на кражба или има евидентирани поголеми оштетувања. За поскапи автомобили, препорачливо е документацијата да се провери и во надлежните институции.

Побарајте стручно мислење

Доколку не сте сигурни во состојбата на автомобилот, најдобро е да го однесете во независен сервис на технички преглед пред купувањето. Малата сума што ќе ја потрошите за професионална проверка може да ве спаси од многу поголеми трошоци во иднина.

Со внимателен преглед, проверка на документацијата и тест-возење, значително ги намалувате шансите да купите автомобил со скриени проблеми и ќе можете да донесете многу посигурна одлука.

Тагови: половни возила сервис

Промовирани огласи »

Јули руши рекорди! Речиси 500 возачи уапсени низ македонските патишта

Статистиката покажува и 4.694 прекршоци за непрописно паркирање, 430 санкции за возење под дејство на алкохол, како и 2.073 казни за мотоциклисти кои не носеле заштитен шлем.

Во текот на јули, полициските службеници на патиштата низ државата евидентирале 20.976 сообраќајни прекршоци, а 496 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со моторно возило.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, најголем дел од прекршоците – 4.241, се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина.

Од приведените возачи, 373 управувале без возачка дозвола, 81 биле под дејство на алкохол, 25 возеле и покрај изречена забрана за управување, тројца возеле со екстремно висока брзина во населено место, 13 надвор од населено место, а едно лице управувало возило во забранет правец.

Во текот на јули, по член 300-б од Кривичниот законик, биле одземени 332 возила. Статистиката покажува и 4.694 прекршоци за непрописно паркирање, 430 санкции за возење под дејство на алкохол, како и 2.073 казни за мотоциклисти кои не носеле заштитен шлем.

Дополнително, 1.829 возачи и патници биле санкционирани поради некористење сигурносен појас. Според Законот за возила, 299 нерегистрирани возила биле отстранети од сообраќај, како и 125 возила поради техничка неисправност. Санкционирани биле и 44 возачи поради непочитување на прописите за затемнување на стаклата на возилата.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период, со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Тагови: казни Министерството за внатрешни работи-(МВР) полиција

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »