Промовирани огласи »

Зегин, СЕТЕК, А1 Македонија и многу други вработуваат!

Огласи за работа во Зегин, СЕТЕК, А1 Македонија!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Виола Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните.

Моментално вработува:

Фармацевт - нас. Аеродром
Фармацевт - нас. Карпош
Фармацевт - нас. Центар
Фармацевтски техничар - нас. Аеродром
Фармацевтски техничар - нас. Карпош
Фармацевтски техничар - нас. Центар

НИКОБ Скопје е основана во 1995 година во Скопје и е првата компанија за обезбедување во Македонија.

Моментално вработува:

Оператори во мониторинг центар

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио, видео и бела техника кој на македонскиот пазар.

Моментално ваработува:

Референти за продажба во Тетово
Референт за продажба во Дебар

Клиничката болница Жан Митрев, на самиот почеток именувана како Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ ги постави темелите на современите медицински услуги во 1999 година, по адаптирањето и реновирањето на еден изнајмен дел од Воена болница во Скопје.

Моментално вработува:

Хигиеничар/ка
Фармацевтски техничар
Машински инженер

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

Возач/дистрибутер

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Совети за вработени кои сакаат унапредување

Вредно работите, но другите добиваат унапредување? Еве зошто!

Унапредувањето ретко доаѓа случајно. Освен доброто извршување на секојдневните задачи, компаниите бараат луѓе кои преземаат иницијатива, носат резултати и придонесуваат за успехот на тимот.

Ако сакате да направите следен чекор во кариерата, овие совети можат да ви помогнат.

1. Преземајте иницијатива

Не чекајте секогаш некој да ви каже што треба да направите. Предложете нови идеи, понудете решение за проблем или пријавете се за нов проект. Иницијативноста е една од особините што менаџерите најлесно ја забележуваат.

2. Испорачувајте квалитетни резултати

Довербата се гради преку доследност. Почитувајте ги роковите, работете одговорно и покажете дека може да се смета на вас. Луѓето што постојано испорачуваат квалитетна работа најчесто добиваат поголеми можности.

3. Развивајте нови вештини

Пазарот на трудот постојано се менува. Следете обуки, учете нови технологии и инвестирајте во професионален развој. Колку повеќе знаење и вештини имате, толку сте повреден ресурс за компанијата.

4. Побарајте повратна информација

Редовно разговарајте со вашиот менаџер за тоа што го правите добро и каде можете да се подобрите. Конструктивниот фидбек е една од најдобрите алатки за професионален напредок.

5. Градете добри односи со колегите

Тимската работа, почитта и добрата комуникација се подеднакво важни како и стручните знаења. Луѓето што успешно соработуваат со другите полесно добиваат лидерски улоги.

6. Покажете лидерски способности

Не мора да имате менаџерска позиција за да бидете лидер. Преземете одговорност, помогнете им на колегите, споделувајте знаење и мотивирајте го тимот. Лидерството се покажува преку однесувањето, а не само преку работната титула.

7. Разговарајте за вашите кариерни цели

Не претпоставувајте дека менаџерот знае дека сакате унапредување. Отворено разговарајте за вашите амбиции и прашајте кои чекори и резултати се потребни за да бидете земени предвид за следната позиција.

Унапредувањето не зависи само од стажот или работната позиција. Најчесто го добиваат оние што постојано учат, преземаат иницијатива, градат доверба и покажуваат дека се подготвени за поголема одговорност.

Ако сакате да напредувате во кариерата, не чекајте можноста сама да дојде создадете ја со вашата работа, знаење и професионален пристап.

Прочитајте и за: 7 совети за менаџери кои водат хибридни тимови

Тагови: совети за работа

Промовирани огласи »

Жештина без пауза! Температурите повторно ќе се искачат до 37°C

Сончево, многу топло и без дожд ако излегувате, подгответе се за вистински летен ден!

Денес низ поголемиот дел од Македонија нè очекува претежно сончево и стабилно време со максимални температури од 35 до 37°C, а во некои региони и повисоки. Врнежи не се очекуваат, додека ќе дува слаб до умерен ветер, што нема значително да ја намали жештината.

УВ-индексот останува многу висок, па се препорачува избегнување директно сонце во најтоплиот дел од денот и внесување повеќе течности. Според актуелните прогнози, топлото време ќе продолжи и во следните денови.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

1.8.2026 Сабота   19° / 33° 07:30   21:54
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h



20°
20°
20°
19°
19°
21°
24°
26°
28°
30°
31°
32°
33°
33°
33°
33°
32°
30°
26°
25°
23°

1

1

1

1

1

2

2

2

2

2

2

2

3

3

4

4

4

2

3

2

2
2.8.2026 Недела   20° / 34° 07:31   21:53
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
22°
22°
21°
21°
21°
21°
20°
20°
22°
24°
25°
27°
29°
31°
32°
33°
34°
34°
34°
32°
30°
27°
25°
23°

2

1

1

1

1

1

1

1

2

1

2

2

2

3

3

3

2

2

3

3

3

2

2

2
3.8.2026 Понеделник   19° / 33° 07:32   21:51
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
22°
21°
21°
21°
20°
20°
20°
19°
21°
24°
26°
28°
30°
31°
32°
33°
33°
33°
33°
33°
33°
27°
27°
27°

2

2

1

1

1

1

1

1

2

1

2

2

2

2

2

3

3

3

3

3

3

2

2

2

Промовирани огласи »

Секоја креација има душа, приказна и причина да постои - Интервју со Ивона Спасовска

Природата е нејзиниот најголем инспиратор – запознајте ја Ивона Спасовска

Која е Ивона Спасовска? Кажете ни нешто повеќе за себе.

Накратко, би се опишала како личност бескрајно вљубена во силуети, форми, бои, ткаенини и геометриски елементи, кои потоа ги преточувам во вистинска подвижна естетика, односно во финално парче облека. Бидејќи сум длабоко поврзана со природата и секојдневно учам од неа, мојата посветеност кон одржливата мода дојде како најприроден можен чекор. Самиот чин на создавање е мојата најголема пасија тоа е изворот на енергија и мотивација што ме води напред, дури и во најпредизвикувачките моменти.

Кој е најраниот момент што го паметите како почеток на вашата креативна приказна?

Кога ќе се вратам наназад низ времето, најраниот момент потекнува од многу мала возраст, а главен виновник за тоа е мојата мајка. Таа прва ме внесе во креативниот свет на создавањето облека. Ова се, всушност, и моите најубави спомени од детството.

Многу сакав таа да ми шие облека, а јас ѝ бев „технички консултант“ – ѝ ги цртав моите први технички скици, иако тогаш воопшто не бев свесна што всушност претставуваат тие цртежи. На нив беше детално обележано каде да има патент, каде брусни, каде набори и сите други важни детали.

Откако ќе го утврдевме моделот и дизајнот, заедно одевме да купуваме материјал. Буквално се губев во сите тие бои, текстури и дезени. Без да знам тогаш, овие спомени и искуства ги поставија главните темели на мојата креативна приказна.

Кога создавате едно парче облека, од каде најчесто започнува процесот – од материјалот, инспирацијата или приказната што сакате да ја пренесете?

Сум забележала дека секое парче има свој уникатен процес на настанување и токму од тука произлегува неговата автентичност.

Кај некои парчиња процесот започнува исклучиво од материјалот  ќе здогледам некоја прекрасна ткаенина и во главата почнуваат да ми се вртат милион различни идеи за тоа што сè можам да направам.

Другпат, зад дизајнот стои само чиста инспирација. Природата, на пример, е мојот најголем инспиратор. Таа е ненадминлив дизајнер, уметник и инженер, а за мене претставува огромен предизвик нејзините бои, текстури и силуети да ги преточам во парче облека, задржувајќи ја истата автентична естетика.

Инспирацијата може да дојде и од одредена традиција, историски период, музички правец или субкултура. Бидејќи често работам upcycling, приказната многу често лежи и во самиот процес. Старите парчиња носат посебна емоција од човекот што ги носел. Кога ги трансформирам, си размислувам: кој бил тој човек? Која е приказната поврзана со купувањето на ова парче? Дали за него се врзуваат некои посебни спомени? Сето ова ми дава дополнителна инспирација за тоа како би изгледало новото парче.

Најчесто, сите овие три елементи се испреплетуваат. Преку само едно парче облека можеш да раскажеш многу приказни, што според мене е навистина фасцинантно.

Што е она што едно ваше парче го прави различно од класичната облека која ја гледаме секојдневно во продавниците?

Сè што е создадено со намера, инспирација и приказна носи огромна вредност нешто што облеката која масовно и сериски се произведува никогаш не може да го понуди. Ова не важи само за моите креации, туку и за делата на сите дизајнери кои посветено создаваат.

Да носиш парче облека кое е создадено исклучиво според твоите уникатни линии и облини е незаменливо чувство, чувство што брзата мода ни го украде. Кога парчето е создадено за вас, емотивно се поврзувате со него, буди сентименталност и многу потешко би го фрлиле.

Облеката од продавниците е масовно произведена, со сериски броеви, како сите ние да имаме исти димензии, иста приказна и иста позадина. Индустријата наметнува дека ние треба да се прилагодиме на облеката, а всушност е сосема обратно. Облеката треба да се прилагоди на нас, на нашите димензии и на нашата лична приказна.

Таа е нашиот неизговорен јазик сè она што не можеме да го срочиме во зборови за себе, го носиме на нас за да му го покажеме на светот.

Во продавниците постои само униформност, а јас верувам дека секој човек е уникатен, па таква треба да биде и неговата облека.

Од друга страна, процесот на создавање облека по мерка бара и длабоко персонален пристап. Кога работите со клиент, не земате само мерки, туку низ разговор го запознавате неговиот карактер, поставувате прашања и заедно градите идеи. Целта е да создадете дизајн кој ќе биде совршен одраз на неговиот индивидуалитет.

На сето ова мора да се надоврзе и неспоредлив квалитет. За разлика од сериското производство, кое често користи неквалитетни материјали во кои кожата не дише и облека што се кине по неколку носења, рачно создаденото парче се изработува со огромна грижа и внимание. Тоа е безвременско и создадено да трае со децении.

Колку време и посветеност бара создавањето на едно уникатно парче и кои се најголемите предизвици во тој процес?

Посветеноста и времето директно влијаат врз квалитетот на финалното парче. Секогаш постојат кратенки за да се создаде нешто побрзо, но тоа неизбежно ќе се одрази на крајниот квалитет.

Секое парче го создавам сама, од почеток до крај, и се трудам да биде изработено со максимално внимание. Процесот навистина одзема време започнува со инспирацијата и осмислувањето на дизајнот: како ќе изгледа, кои бои и материјали ќе се користат и како ќе паѓа ткаенината. Потоа следува техничкиот дел, каде што ја имам улогата на конструктор на кроеви (моделар), создавањето прототипови со цел да ги доведам до совршенство удобноста и механиката на кројот, а на крај доаѓа и самата изработка, односно шиењето.

Конкретен предизвик не би можела да издвојам, бидејќи целиот процес сам по себе е доволно голем предизвик. Од една замисла во главата треба да се создаде практично, естетско и удобно парче за носење. Во тој процес истовремено имате повеќе улоги  креативен дизајнер, конструктор на кроеви и шнајдер. Секоја од нив бара различен пристап и различен тип на техничко знаење.

Кое парче облека што сте го создале има посебно значење за вас и зошто?

Да бидам искрена, сите парчиња ми се подеднакво драги. Бидејќи вложувам толку многу внимание во нив, емотивно се поврзувам со секое. Кога треба да се разделам од некое од нив, често ја чувствувам таа тежина, бидејќи тие буквално стануваат дел од мене.

Но, ако морам да издвојам едно, тоа би била мојата последна креација, изработена од традиционално милје. Беше исклучително интересен, но и макотрпен предизвик. Речиси целиот фустан морав да го сошијам рачно поради деликатноста на материјалот. Кројот мораше да биде доведен до апсолутно совршенство, бидејќи плетеното милје има специфични правци на тегнење и сè требаше беспрекорно да прилега на телото.

Фузијата на оваа длабока традиција со една современа, нослива форма му даде сосема нова димензија на парчето.

Имало ли периоди кога сте се сомневале дали вашата идеја ќе успее и што ви помогнало да продолжите?

Да, секако. Мислам дека не постои ниту еден уметник или креативец кој барем еднаш не се посомневал во себе додека создавал. Според мене, тоа е многу важен чекор, бидејќи токму сомнежот нè тера да бидеме сè подобра верзија во она што го работиме.

Тоа е и она што мене ми помага да продолжам. Кога ќе наидам на пречка, кога нешто не ми успева или не излегува онака како што сум замислила, мотивацијата да бидам подобра од вчера е тоа што ме турка напред. Знам дека ако се посветам на решавање на конкретниот проблем, на крајот ќе научам нешто сосема ново. Човек секогаш може да се надградува и да осознава нови нешта.

Ако треба со една порака да ги охрабрите младите кои имаат талент, но се плашат да почнат, што би им кажале?

Би им кажала да не се плашат од грешки и од неуспех. Ништо што вреди не доаѓа лесно. Неуспехот е сосема нормален дел од процесот и токму преку него најмногу се учи.

Некогаш ќе биде навистина тешко, но токму така стануваме подобри. Всушност, понекогаш токму од грешките се раѓаат најубавите нешта.
 

Во денешно време, благодарение на социјалните мрежи, многу лесно се споредуваме со другите луѓе, со нивниот успех и нивните креации. Но, вистината е дека зад тие совршени фотографии не се гледаат неуспесите, часовите поминати во сомнеж и реалните предизвици со кои се соочувале.

Затоа, не треба да го споредуваат својот пат со туѓите приказни и да талкаат по некој нереален перфекционизам кој, всушност, не постои. Така само ќе почнат да се сомневаат во себе и во она што можат да го создадат со својот ум и своите две раце.

Има една прекрасна изрека: „Споредбата е крадец на радоста.“ (Comparison is the thief of joy.)

На твојот профил јасно се гледа пасијата кон одржливата мода и upcycling. Колку ти е лично важно да го задржиш тој принцип на работа во секое парче што го создаваш и дали мислиш дека ваквиот начин на работа може вистински да ја промени модната индустрија?

За мене, овој принцип не е само естетски избор, туку и морална должност. Сметам дека светот е веќе презаситен со облека и нема потреба бесконечно да произведуваме нова. Континуирано ја загадуваме природата, а често забораваме дека токму ние зависиме од неа не обратно.

Мора да престанеме да веруваме дека отпадот едноставно исчезнува. Тој останува, се распаѓа во микропластика и повторно се враќа во природата, а на крајот и во нашата храна и организам.

Затоа верувам дека е неопходно да почнеме повеќе да го реупотребуваме и трансформираме она што веќе е создадено, наместо постојано да произведуваме ново.

Од креативен аспект, upcycling ми е омилен бидејќи претставува сосема поинаков процес од класичното дизајнирање. Кога работиш со веќе постоечко парче, ограничен си од материјалот, но токму во тоа лежи предизвикот. Секое парче веќе носи своја приказна, свој карактер и свој „глас“, па процесот се претвора во еден вид креативен дијалог со него.

Тоа бара голема техничка прецизност, но резултатот е уникатно и автентично парче што не може да се повтори.

Верувам дека многу облека се фрла предвреме, иако сè уште има потенцијал за нов живот. Токму затоа создадов бројни уникатни креации преку трансформација на постоечка облека – креации кои, според мене, никогаш немаше да бидат толку автентични доколку беа изработени од сосема нов материјал.

Која е мотивацијата која стои позади споделувањето на едукативни туторијали и видеа каде прикажуваш како ги изработуваш парчињата?

Се обидувам, иако можеби не можам целосно, барем малку да придонесам кон враќање на времето кога луѓето имаа навика да си ја поправат облеката, наместо да ја фрлат во контејнер само поради едно скинато копче.

Сакам да ја почувствуваат онаа среќа и задоволство кога ќе создадат нешто сами за себе, а потоа ќе го носат како свој личен печат и идентитет. Доволно е да направите едно уникатно џебче или крагна и веќе имате парче со сопствен карактер, сосема спротивно од униформираноста што ја нуди брзата мода.

Сметам дека традицијата на шиење е длабоко вкоренета во нашата култура и речиси секое домаќинство има барем по една машина за шиење. Од тука произлегува и поголемата цел  да се намали отпадот. Кога ќе создадеш нешто со свои раце, многу потешко ќе се разделиш од него. Тоа е твој труд, а сопствениот труд не се фрла така лесно.

Од друга страна, преку видеата сакам транспарентно да им ја доближам на луѓето реалната слика за тоа колкав процес и труд стојат зад изработката на едно парче облека. Целта ми е да ја разбијам илузијата на брзата мода: ако ние имаме привилегија да купиме евтино парче, тоа значи дека некој друг веќе скапо платил за него преку експлоатација на човечки труд и уништување на природата.

Сакам да ја подигнам свеста и да ги инспирирам луѓето вистински да ја вреднуваат рачната изработка.

Тагови: креативност мода облека Ивона Спасовска

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »