Промовирани огласи »

Најновите огласи за вработување во Виола Аптеки!

Вработување во Виола Аптеки!

Виола Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните, преку постојано следење и имплементација на новитетите за превенција и лекување на човековиот организам.

Моментално вработува:

Фармацевтски техничар - 3та смена - нас.Аеродром
Фармацевт - 3та смена - нас.Аеродром
Фармацевт - нас. Аеродром
Фармацевт - нас. Центар
Фармацевт - нас. Карпош
Фармацевтски техничар - нас. Аеродром
Фармацевтски техничар - нас. Центар
Фармацевтски техничар - нас. Карпош

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: ПЗУ Аптека ВИОЛА

Промовирани огласи »

Синдикалната кошница во септември се доближи до 70.000 денари, со кирија достигнува 85.000

Трошоците за живот повторно растат: според ССМ, на едно семејство во септември му се потребни речиси 70.000 денари, а со кирија и до 85.000 денари месечно.

Животните трошоци во земјава повторно бележат раст, а според најновите пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија, синдикалната кошница во септември достигнала речиси 70.000 денари. Тоа е зголемување од околу 800 денари во споредба со август, при што најголем дел од месечните расходи отпаѓа на храна и пијалаци, за кои се потребни околу 25.000 денари.

Според податоците, за образование се издвојуваат околу 7.000 денари, додека за домување, вода, електрична енергија и греење се потребни 6.379 денари. Ако на овие основни трошоци се додаде и кирија за стан од 60 квадратни метри, вкупната сума се искачува на околу 85.000 денари месечно, што значи дека само киријата ја зголемува потребната сума за околу 15.000 денари.

Од ССМ предупредуваат дека за покривање на основните животни потреби се потребни примања повисоки од сегашната просечна плата во државата и повторно бараат минималната плата да изнесува 600 евра. На растот на трошоците реагираше и опозициската СДСМ, од каде што повикаа на зголемување на минималната плата, оценувајќи дека синдикалната кошница за само еден месец пораснала за речиси 1.000 денари.

Тагови: Македонија минимална кошница Сојуз на синдикатите (ССМ)

Промовирани огласи »

Кандидатите веќе не гледаат само во работната позиција: Еве што навистина ги привлекува луѓето кон нова работа

Ова е причината поради која кандидатите ја менуваат компанијата, дури и за иста позиција!

Кога кандидатот веќе ја знае работата, не е доволно само да му објасните што ќе работи. Работодавачите треба да покажат зошто токму нивната компанија е подобро место за следниот чекор во кариерата.

Класичниот оглас за работа најчесто се фокусира на работните задачи, потребните квалификации и условите за позицијата. Но, ново истражување покажува дека за искусните кандидати овие информации можеби не се доволни за да ги убедат да ја сменат компанијата.

Според анализата на Monster, од 990.922 анализирани премини од една работа на друга, 63% биле случаи во кои вработениот преминал во друга компанија, но го задржал истиот работен наслов.

Тоа значи дека голем дел од кандидатите кои аплицираат за одредена позиција можеби веќе совршено добро знаат што подразбира работата.

Не е прашањето само „Што ќе работам?“, туку и „Што добивам?“

За кандидат кој веќе ја извршува истата или слична работа во друга компанија, листата со основни обврски нема голема информативна вредност.

Она што може да направи разлика се фактори како:

  • Платата и вкупниот пакет на бенефиции;
  • Работното време и флексибилноста;
  • Начинот на управување;
  • Обемот на работа;
  • Можностите за напредување;
  • Стабилноста на работното место;
  • Можностите за учење и развој.

Токму овие елементи можат да му покажат на искусниот кандидат по што новата позиција навистина се разликува од неговата моментална работа.

Предолгиот процес може да ги одбие најдобрите кандидати

Истражувањето укажува и на уште еден проблем компаниите понекогаш бараат од искусните кандидати да поминат низ непотребно долг процес на селекција.

Повеќе интервјуа, задачи кои не додаваат реална вредност и долго чекање за повратен одговор можат да создадат впечаток дека новата работа всушност не нуди ништо поразлично од она што кандидатот веќе го има.

За кандидатите кои веќе имаат искуство во истата позиција, работодавачите треба да го земат предвид тоа искуство, без притоа да ги прескокнат неопходните проверки и проценки.

Огласот треба да ја продаде работната средина, а не само позицијата

За HR тимовите ова значи промена во начинот на кој се креираат огласите за работа.

Наместо само: „Вашите работни задачи ќе бидат…“ компаниите можат да одговорат и на прашањето: „Зошто би сакал/а да работам токму кај вас?“ Тоа може да значи јасно комуницирање на можностите за напредување, начинот на работа, флексибилноста, културата, развојот на вештини и конкретните бенефити што ги нуди компанијата.

Истото важи и за задржување на вработените

Интересен аспект од анализата е дека проблемот не се однесува само на привлекување нови кандидати. Ако вработен заминува од компанијата за да ја работи истата позиција на друго место, тоа може да биде сигнал дека проблемот не е во работниот наслов, туку во искуството што го има во организацијата.

Затоа HR тимовите можат да ги анализираат и излезните интервјуа за да откријат зошто луѓето се подготвени да ја напуштат компанијата и покрај тоа што можеби ја сакаат самата професија или позиција. Дополнително, можностите за учење и развој можат да играат важна улога во задржувањето на вработените. Според податоци цитирани во анализата, 67% од вработените во САД изјавиле дека учењето на работното место им е личен приоритет, но само 48% сметале дека тоа е важно и за нивниот работодавач.

Во време кога истите таленти можат да ја работат истата работа на повеќе места, компаниите мора да понудат нешто повеќе од работна позиција. Добриот оглас не треба само да објасни што ќе работи кандидатот. Треба да му покаже каков живот, развој и професионално искуство го очекуваат доколку ја избере токму таа компанија.

Прочитајте и за: Работодавачите не знаат како да ги објаснат своите одлуки за плати покажува извештај на Aon

Тагови: HR трендови нова работа работа

Промовирани огласи »

Apple TV пристигнува во Македонија преку iCloud+ без дополнителен трошок

Добра вест за корисниците на Apple во Македонија: Apple TV и Apple Arcade наскоро ќе бидат вклучени во iCloud+ претплатите, дури и во најевтиниот пакет од 0,99 долари месечно.

Apple официјално ја проширува својата стриминг-понуда во Македонија, каде што Apple TV и Apple Arcade наскоро ќе станат дел од сите платени iCloud+ претплати без доплата. На македонската страница на компанијата двете услуги веќе се означени како „Coming soon“, а воведувањето се очекува постепено да заврши до крајот на септември.

Тоа значи дека и корисниците на најосновниот iCloud+ пакет од 50 GB за 0,99 долари месечно ќе добијат пристап до Apple TV и Apple Arcade. Повисоките пакети од 200 GB и 2 TB се достапни по 2,99 и 9,99 долари месечно. Apple TV ќе овозможи гледање на популарни Apple Originals, како „Ted Lasso“, „Severance“ и „The Morning Show“, преку апликацијата Apple TV на iPhone, iPad, Mac, паметни телевизори и веб.

Со истата претплата, корисниците ќе добијат и пристап до Apple Arcade, сервис со повеќе од 200 игри без реклами и дополнителни купувања. Дополнителна придобивка е Family Sharing, со кој една претплата може да ја користат уште пет членови на семејството. Македонија е меѓу повеќе од 100 пазари опфатени со новиот модел, а со ова проширување Apple TV ќе биде достапен на вкупно 170 пазари ширум светот.

Тагови: Apple Македонија Apple TV Apple Arcade iCloud

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »