
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на нашиот клиент ГП Пелистер, градежна компанија којашто целосно работи според највисоките европски и светски стандарди, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција:
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Развивање, планирање и надзор на градежни проекти (патишта, згради, инфраструктура и сл.);
- Подготовка на техничка документација, планови, пресметки и спецификации;
- Комуникација и координација со архитекти, изведувачи, подизведувачи и надзорни органи;
- Следење на градежните работи за да се осигура квалитетот, безбедноста и усогласеноста со законските норми.
- Изработка и следење на временски и финансиски планови на проекти.
- Решавање на технички проблеми и предлагање иновативни решенија;
- Подготовка на извештаи за текот и напредокот на проектите.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- ВСС, соодветно високо образование ( Градежен факултет);
- Овластување А за Изведба и овластување А за Надзор;
- Минимум 5 (ПЕТ) години работно искуство во областа;
- Познавање на MS Office пакетот, AUTOCAD;
- Возачка дозвола Б категорија, активен возач;
- Познавање на англиски јазик;
- Да не е кривично осудуван и да не се води кривична постапка.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на [најави се за да го видиш е-маилот]
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »