Промовирани огласи »

Интервју со Борис Камчев – Менаџер за продажба во TBM Group

Прочитајте го интервјуто со Борис Камчев – Менаџер за продажба во TBM Group

Борис Камчев е еден од водечките менаџери на продажниот сектор во TBM Group и моментално ги води тимовите одговорни за спонзорства, како и тимови одговорни за крајните корисници на конференциите и самитите организирани од компанијата. Не интересираше неговиот кариерен развој од првата скала на “sales floor” до еден од клучните луѓе во компанијата.

Борис, што замислуваше дека ќе „станеш“? Која беше твојата идеална професија?

Верувам дека ќе се сложиме ако кажеме дека никој кога растел не растел со желбата да работи во продажба. Напротив, лично замислував кариера во економија. Сепак, после започнувањето со работа во B2B продажба се препознав себе си и најдов нов извор на мотивација и енергија која што ја имам после повеќе од 6 години работа во овој сегмент.

Што работеше досега?

Пред ТБМ имам кратко искуство во делот на настани и логистика. Сепак најголемото искуство каде што изградив дисциплина, фокус, истрајност кои што се клучни во сегашното работење.

Каде работиш сега?

Во моментов работам како Менаџер за продажба кој што води тим од 18 млади и амбициозни луѓе во секторот за продажба. Инволвирани сме во организирање и продажба на B2B средби (конференции) на највисоко ниво во сегментот на инфраструктура, енергетика, фармација, технологија.

Кои се твоите задолженија како Менаџер за продажба во ТБМ?

Мојата задача во ТБМ е менаџирање на тимот кој врши идентификација и регрутација на спонзори – компании што сакаат да се позиционираат како лидери во своите индустрии, преку учество на нашите конференции. Покрај тимот “sponsorship”, со моите колеги создадовме и тимови кои се одговорни за регистрација и конференциско учество на крајни клиенти. Креирање на вредност, преговарање, тренинзи , регрутирање на нови членови на тимот, констатно иновирање за подобрување на сервисот се само дел од секојдневните обврски во компанијата.

Каде беше досега на ТБМ конференции?

Успехот во компанијата ме доведе во положба да патувам насекаде низ Европа и светот. Досега сум патувал во Минхен, Франкфурт и Берлин во Германија, Варшава во Полска, Барселона и Мадрид во Шпанија, Рим во Италија, Будимпешта во Унгарија, Амстердам во Холандија, Тексас во САД итн.

Опиши ни што се случува на конференциите?

Генерално конференциите нудат одличен увид во најновите трендовиите во индустриите и студии на случаи од високо позиционирани луѓе од компании како Мајкрософт, Нвидиа, Астра Зенека, Шел, Сименс и многу други. На сето тоа ако го додадеме вмрежувањето и бенчмаркингот дава можност за B2B можност на највисоко ниво.

Опиши ни го твојот тим...

Се работи за амбициозни, вредни и дисциплинирани млади професионалци од 20 до 35 години кои се желни да се надградуваат и стекнат меѓународно искуство.

Дали се дружите со колегите? (тим билдинг, патувања, свадби, концерти/утакмици)

Да, тоа е дел што го прави TBM поинаков. Имаме тим билдинзи, патувања во странство, спонтани излегувања, славења родендени, па и свадби кај колеги. Атмосферата е пријателска и тоа многу помага за меѓусебна почит и мотвација кај  членовите на тимот.

Како го постигна овој успех?

Конзистентност. Чувството дека секој ден треба да се докажеш и покажеш е сеприсутно и ми дава мотивација да продолжам да растам и да се надградувам. Лесно може да се случат дистракции но треба секогаш да поставуваме цели и да се потсетуваме на нив.

Каква иднина гледаш за себе?

TBM ми отвори меѓународна перспектива, шанса за раст и влијание. Лично сакам да развијам нови формати што ќе го носат TBM на следно ниво. Иднината ја гледам во комбинација од лидерство и иновација.

Што им препорачуваш на младите кои бараат работа? Какви кандидати имаат најмногу шанси за успех во ТБМ?

На оние кои што само што ја започнуваат својата работна кариера цврсто им препрачувам да почнант со работа во продажба. Зошто? Искуството и она што можеш на го научиш во овој сегмент не се стекнува во ниту еден степен на едукацијатата, а искуството и вештините што таа млад човек ќе ги научи ќе му/и служат во целата кариера.

Доколку посакувате да бидете дел од успешниот тим на TBM Group ве повикуваме да ја испратите вашата работна биографија на [email protected]

Тагови: ТБМ Гроуп ДОО

Промовирани огласи »

Како да се изгради силен бренд на работодавецот во дигиталната ера?

На второто издание на KARIERA DAYS, експертите ги споделија своите совети и искуства за брендирањето на работодавците во време на дигитална трансформација и голема конкуренција.

На второто издание на KARIERA DAYS, вниманието беше насочено кон тоа како компаниите учесници гледаат на најактуелните теми во бизнис светот, со посебен акцент на брендирањето на работодавците во дигиталната ера.

Во рамки на панел-дискусијата учествуваа Александра Бабамова – Employer Brand & Culture Programs Manager во Пивара Скопје, Ана Салтирова – HR Professional, NLP Coach и основач на „Личен Избор“, и Зорица Бужаровска Бошковска – General Manager на KARIERA.mk. Заедно разговараа за тоа што навистина значи брендирањето на работодавците во современото дигитално опкружување. Гостинките споделија свои видувања за улогата на социјалните мрежи во градењето на брендот, како и за тоа колку голема улога имаат вработените, дури и тогаш кога тие не се директно вклучени во маркетинг активностите. 

Овој разговор остави силен впечаток за тоа како се менуваат трендовите и каква е важноста на брендирањето за привлекување и задржување на таленти во денешното време. Учесниците споделија искуства и совети од своето долгогодишно работење, давајќи вредни насоки за сите кои сакаат да го подобрат имиџот на својот бренд како работодавец.

Како да се изгради силен бренд на работодавецот во дигиталната ера?

Тагови: kariera days

Промовирани огласи »

Кампања што шокираше: „Не вработувајте луѓе“ го запали интернетот

Кампањата предизвика бурни реакции на социјалните мрежи – од саркастични коментари до сериозни критики

Стартапот Artisan AI од Силиконската долина, основан од Британецот Јаспар Кармајкл-Џек, предизвика силна реакција во Сан Франциско и сега и во Лондон со својата агресивна кампања „Stop hiring humans“. Кампањата ја промовира нивната прва „дигитална работничка“ Ава – вештачка интелигенција која работи како продажен претставник и, според компанијата, може целосно да автоматизира работни процеси. Пораките како „Artisans нема да се пожалат за баланс помеѓу работата и животот“ и „Artisans не доаѓаат на работа мамурни“ беа оценети како безчувствителни и неприкладни во време кога многу луѓе се загрижени за иднината на човечката работна сила.

Кампањата предизвика бурни реакции на социјалните мрежи – од саркастични коментари до сериозни критики. Многумина ја споредија со сценарио од „Black Mirror“, а фирмата добила и стотици закани и омраза по е-пошта. Високи професионалци од различни индустрии ја нарекоа кампањата „тонски слепа“ и манипулативна, и покрај тоа што таа резултираше со над 1 милијарда импресии и 2 милиони долари нов годишен приход. Критичарите посочуваат дека, иако маркетиншки ефикасна, таа поттикнува страв, несигурност и чувство на заменливост кај луѓето.

Кармајкл-Џек подоцна изјави дека целта не била да се навредат луѓето, туку да се привлече внимание кон визијата на Artisan AI – тимови од дигитални „Artisans“ кои работат рамо до рамо со луѓето. Тој е поранешен основач на други компании, вклучувајќи агенција за брендирање и платформа за нарачка услуги. Artisan AI досега има привлечено 46,1 милиони долари инвестиции, учествувал во престижниот Y Combinator, и тврди дека нивната технологија веќе ја користат над 300 организации. Сепак, дебатата околу границите на автоматизацијата и етиката на AI останува отворена.

Тагови: вештачка интелигенција вработени работнички права

Промовирани огласи »

Препознајте мозочен удар во првите минути – најважните симптоми

Брзата реакција е клучна – колку побрзо се препознаат симптомите и се побара помош, толку се поголеми шансите за опоравување и минимизирање на последиците

Мозочниот удар претставува сериозна и итна здравствена состојба која настанува кога дотокот на крв до дел од мозокот е прекинат или значително намален, што води до оштетување на мозочното ткиво. Брзата реакција е клучна – колку побрзо се препознаат симптомите и се побара помош, толку се поголеми шансите за опоравување и минимизирање на последиците.

Препознавањето на симптомите може да направи клучна разлика помеѓу живот и смрт, или помеѓу целосно заздравување и трајно оштетување. Мозочниот удар често доаѓа ненадејно, а знаците се јасни – одненадежна слабост или вкочанетост на лицето, раката или ногата, најчесто на една страна од телото, тешкотии во говорот или разбирањето на говор, ненадејна конфузија, замаглен или изгубен вид на едно или двете очи, силна главоболка без очигледна причина или губење рамнотежа и координација.

Важно е да не се занемарат овие предупредувачки сигнали. Доколку почувствувате или забележите кај некој друг некој од овие симптоми, веднаш повикајте итна медицинска помош. Со секоја минута, мозочните клетки умираат, а времето е најмоќното оружје во борбата против последиците.

Тагови: здравје мозочен удар

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »