Декра лого

Машински Инженер

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на нашиот клиент ГП Пелистер, градежна компанија којашто целосно работи според највисоките европски и светски стандарди,  ДЕКРА ја огласува следната работна позиција:

  • Машински Инженер

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Проектирање, развој и подобрување на механички системи, компоненти и уреди;
  • Подготовка на техничка документација (цртежи, спецификации, модели);
  • Вршење технички пресметки и анализа на материјали, оптеретување и енергетска ефикасност;
  • Надзор и координација при изработка, монтажа и тестирање на механички елементи;
  • Учесување во процесите на планирање, одржување и оптимизација на производствени линии и машини;
  • Комуникација и соработка со други инженерски сектори (електро, автоматизација, градежништво);
  • Следење на стандардите за квалитет, безбедност и усогласеност со регулативите;
  • Учество во решавање на технички проблеми и подобрување на процеси.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС, соодветно високо образование (Машински факултет);
  • Минимум 5 години работно искуство во областа;
  • Предност ќе имаат кандидатите со овластување за изведба и надзор од А категорија;
  • Познавање на MS Office пакетот, AUTOCAD;
  • Возачка дозвола Б категорија, активен возач;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Да не е кривично осудуван и да не се води кривична постапка.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]  

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »