Промовирани огласи »

Работа или „стрес фабрика“? Еве што навистина ве исцрпува секој ден

5 причини зошто работата ти го троши умот секој ден

Секојдневно се враќате дома „исцедени“, иако физички не сте помрднале. Ви се чини дека е нормално, но дали е? Можеби не е обемот на работа тоа што ве троши туку скриените извори на стрес кои тивко ви ја црпат енергијата.

Еве неколку чести (но често игнорирани) виновници:

1. Непостојани очекувања

Кога задачите постојано се менуваат, а роковите стануваат сè покуси — се јавува чувство на изгубена контрола, што директно води до анксиозност.

2. Недостаток на јасна комуникација

Нејасни инструкции, пасивно-агресивни пораки или тишина од менаџментот можат да бидат понапорни од секој Excel sheet.

3. Секогаш „онлајн“ култура

Ако сте достапни 24/7, дури и по работно време мозокот никогаш не добива сигнал да се „исклучи“. Тоа го забрзува менталното прегорување.

4. Ограничено признание

Кога вашата работа не се препознава, мотивацијата опаѓа, а фрустрацијата расте. Секој сака да чуе „браво“ понекогаш.

5. Токсична работна атмосфера

Негативни колеги, интриги, фаворизирање... сето тоа создава средина каде стресот станува хроничен, а желбата за работа исчезнува.

Што можете да направите?

  • Водете си дневник на стресни ситуации
  • Отворено комуницирајте со тимот/менаџерот
  • Не се плашете да поставите граници
  • Размислете дали е време за промена

На крајот од денот, не сте создадени да „се жртвувате“ за работата. Работата треба да биде дел од животот, не извор на постојан стрес.

Сакате поголем успех на работа? Прочитајте и за: Микронавики за големи резултати: Како мали промени водат до поголема продуктивност на работното место

Тагови: HR совети за работа стрес на работно место

Промовирани огласи »

Граѓаните ќе можат од својот дом да симнат и испечатат документи, наместо да одат на шалтер

Клучни закони кои се однесуваат на дигитализација на државните служби и услугите кон граѓаните, го поминаа првиот собраниски филтер.

Со гордост сакам да ви соопштам дека вчера, на Комисијата за транспорт и дигитална трансформација, 4 клучни закони кои се однесуваат на дигитализација на државните служби и услугите кон граѓаните, го поминаа првиот собраниски филтер, изјави Тони Јаревски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за Законот за електронски комуникации, Законот за безбедност на мрежи и информациски системи, Законот за архивски материјал, како и Законот за електронски документи и електронска идентификација.

Со ова, Собранието даде зелено светло за владата да ја направи најтемелната трансформација на односите, односно начинот на кој комуницираат граѓаните и државните органи. Со овие реформи, граѓаните ќе можат од својот дом да симнат и испечатат документи кои ќе имаат правна важност еднаква како оние издадени на шалтер, документи кои ќе содржат QR-код како безбедносен елемент и доказ за автентичност, рече Јаревски.

Тој додаде дека се воспоставува и целосен инспекциски надзор над дигиталните услуги, со јасно утврдени 22 задолженија на инспекторите кои ќе дејствуваат под капата на новото Министерство за дигитализација односно за дигитална трансформација.

Предвидените глоби за институциите што нема да ги прифатат дигиталните документи се јасен сигнал дека дигиталната реформа не е опција, туку обврска, рече Јаревски.

Тој додаде дека ќе следи јавна расправа за овие закони со цел во овој, како што рече, сериозен државен зафат да се вклучи експертската и стручната јавност. 

Тагови: Тони Јаревски дигитализација

Промовирани огласи »

Фирмите-ќерки на ЕСМ за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија доставиле барања до Регулаторна комисија за енергетика за поскапување на сметките за парно греење за околу 35 отсто.

Ваквиот потег зачудува ако се знае дека во јануари РКЕ веќе дозволи едно поскапување за оваа услуга за  5,03 отсто а како причина за зголемувањето на цената беше наведено дека во меѓувреме поскапел природниот гас на светските берзи и намалено било производство на АД ТЕ-ТО кое наместо 60 отсто учествувало со 51 процент во производството на топлинска енергија.

Овој месец се чека каков потег ќе повлече регулаторот, кој веќе најави дека цената може да се зголеми само ако се намали бројот на потрошувачи. Инаку ако се види кај завршната сметка кај ЕСМ Продажба, која го снабдува природниот гас, ќе може да се види дека лани имало помали количини на таква набавка, додека на самата веб страница во ЕСМ Санбдување со топлина во извештајот за 2024 наведено е дека наплатата била поголема од 95 отсто, што се смета за солидно остварување.ЕСМ Дистрибуција поднесе барање до РКЕ за поскапување на услугата за 38,83 отсто, ЕСМ Производство бара повисока цена за 35,47 проценти, а ЕСМ Снабдување очекува 52,11 проценти поголема наплата. Овие три барања се поднесени изминатите денови.

Од ЕСМ Снабдување со топлина не добивме конкретен одговор за колку очекуваат да поскапи загревањето за скопјани, туку само не известија дека имаат право и обврска да поднесат такво барање согласно прописите.

Согласно подзаконските акти најдоцна до 31 мај, овие компании имаат обврска да ги достават трошоците за производство и испорака на топлинска енергија со цел одредување на регулираниот максимален приход и контрола на цената на топлинската енергија за тековната година.

Врз основа на регулативата, РКЕ ги анализира доставените финансиски и технички податоци, ги следи клучните елементи потребни за одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија и ги утврдува тарифните ставови по кои се фактурира испорачаната топлинска енергија до крајните потрошувачи, гласи одговорот од ЕСМ.

Тагови: ЕСМ поскапува парното Регулаторната комисија за енергетика

Промовирани огласи »

Ирската авиокомпанија „Рајанер“ објави дека ќе им наплати на патниците кои се отстранети од авион за нивното однесување минимум 600 евра, објавија британските медиуми.

Како што изјави оваа најголема европска компанија, ова ќе бидат минимални казни, а патниците кои се отстранети од лет поради „неприфатливо однесување“ исто така ќе треба да платат надомест, објави „Гардијан“.

Компанијата изјави дека се надева дека оваа нова политика ќе придонесе за елиминирање на несоодветното однесување од патниците.

Патниците кои се груби, агресивни или пијани можат да го нарушат летот, а во најекстремните случаи, да претставуваат ризик за безбедноста на авионот, како и да доведат до негово пренасочување.

Според компанијата, која превезла повеќе од 200 милиони патници во периодот 2024-25 година, ваквите инциденти се изолиран феномен што им се случува на сите авиокомпании и се предизвикани од мал број груби патници.

Патниците кои предизвикуваат проблеми би можеле да се соочат со висока казна, кривично гонење, па дури и затворски казни, според „Гардијан“.Управата за цивилно воздухопловство (CAA) соопшти дека на таквите патници би можело да им се наплати и трошокот за пренасочување на нивниот лет, кој лесно би можел да надмине 11.791 евра.

Оние кои ќе бидат прогласени за виновни за пијаност во авион би можеле да се соочат со максимална парична казна од 5.895 евра и до две години затвор, додека патниците кои ќе предизвикаат посериозно дело и ќе го загрозат авионот би можеле да се соочат со до пет години затвор.

Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, претходно побара ограничување од два пијалоци за патниците на аеродромите, со цел да се помогне во спречувањето на зголемувањето на несоодветното однесување во авионите.

Тагови: авио сообраќај авиокомпанија „Рајанер“ Гардијан

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »