Промовирани огласи »

Вработување во TBM Group, B watch 1920, Intimissimi!

Огласи за работа во TBM Group, B watch 1920, Intimissimi!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Откако е лансиран во 1996 година брендот Интимисими го освои пазарот за долна облека благодарение на својата спецфичност и стил, брзо станувајќи водечки бренд во својата индустрија.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - DIAMOND MALL

H&M е компанија водена од вредности која сака да го поведе патот кон поинклузивен свет. За нас, разновидноста и инклузијата се однесуваат на тоа кои сме ние и кои сакаме да бидеме. Придружете ни се во правењето стилот поодржлив, а модата поинклузивна.

Моментално вработува:

МЕНАЏЕР НА ОДДЕЛ - ТЕТОВО
ВИЗУЕЛЕН АРАНЖЕР - ТЕТОВО

УНИБанка опстојува повеќе од 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

БИЗНИС АНАЛИТИЧАР ВО ДИРЕКЦИЈА ДИГИТАЛНО БАНКАРСТВО
ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА
REFERENT NË FRONT OFIS NË DEGË – STRUGË

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално вработува:

ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТАЛЕНТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
ЦАРИНСКИ ДЕКАЛАРАНТ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Макстил е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови.

Моментално вработува:

КОНТРОЛОР ЗА СТАРО ЖЕЛЕЗО
ДИГАЛКАР
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР
ЕЛЕКТРИЧАР

ТБМ Гроуп е меѓу водечките европски компании кои организираат тематски бизнис конференции.

Моментално вработува:

SALES EXECUTIVE

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

B watch 1920 најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници и накит.

Моментално вработува:

AСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - СКОПЈЕ

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Ризици од бесплатни понуди: Како да избегнете финансиски загуби

Компаниите често нудат производи или услуги бесплатно со цел да привлечат корисници или да изградат добра волја, но тоа носи скриени ризици.

Компаниите често нудат производи или услуги бесплатно со цел да привлечат корисници или да изградат добра волја, но тоа носи скриени ризици. Штом потрошувачите ја прифатат „бесплатната“ цена како нормална, подоцна е тешко да се наплати. Бесплатното често води до недоволна вреднување, злоупотреба и нереални очекувања што ја загрозуваат одржливоста на понудата.

Истражувањата покажуваат дека луѓето повеќе ја ценат и правилно користат услугата кога плаќаат, дури и мал износ. Примерот со двата парка во Египет – еден со влезница и добро одржуван, друг бесплатен и запуштен – покажува како малата цена гради одговорност и обезбедува средства за одржување. Исто така, поставување на „сидрена вредност“ преку промоции, видливи пакети и фремиум модели може да го обликува перцепираниот квалитет, дури и ако наплатата не е веднаш.

Луѓето полесно прифаќаат повисоки цени ако навреме се информирани и ако ја разбираат вредноста што ја добиваат. Стратегиите како порано известување за промени, користење на ограничени бесплатни понуди и нагласување на заштеденото време или придобивки, го подготвуваат теренот за плаќање. Ова создава чувство дека се инвестира, наместо да се губи нешто што порано било бесплатно.

Тагови: пари производ ризик

Промовирани огласи »

Суеверие или реалност? Зошто луѓето се плашат од петок 13-ти

Во многу култури бројките имаат симболично значење.

Во многу култури бројките имаат симболично значење. Најпознат пример е „петок, 13-ти“, кој се смета за несреќен ден. Овој страв потекнува од скандинавска митологија, каде 13-тиот бог Локи предизвикал смрт и темнина. Слично суеверие постои и во Шпанија, но за „вторник, 13-ти“, кој се поврзува со богот на војната Марс, падот на Константинопол и библиската Вавилонска кула.

Среќните и несреќните бројки се разликуваат ширум светот. Во Кина бројот 8 се смета за среќен, додека бројот 4 е несреќен поради сличноста со зборот „смрт“. Наспроти тоа, бројот 7 е среќен во западните култури. Бројот 666 е симбол на ѓаволот и Антихристот, според христијанската Библија.

Во САД, бројот 23 има посебно место меѓу суеверните – се поврзува со убиството на Јулиј Цезар, рок-легендата Курт Кобејн и терористичкиот напад на 11 септември. Оваа опсесија кулминирала со холивудскиот филм „Бројот 23“ со Џим Кери. Сето ова покажува колку нумерологијата, митологијата и културните верувања влијаат на луѓето ширум светот

Тагови: традиции петок 13-ти несреќа

Промовирани огласи »

Работа или „стрес фабрика“? Еве што навистина ве исцрпува секој ден

5 причини зошто работата ти го троши умот секој ден

Секојдневно се враќате дома „исцедени“, иако физички не сте помрднале. Ви се чини дека е нормално, но дали е? Можеби не е обемот на работа тоа што ве троши туку скриените извори на стрес кои тивко ви ја црпат енергијата.

Еве неколку чести (но често игнорирани) виновници:

1. Непостојани очекувања

Кога задачите постојано се менуваат, а роковите стануваат сè покуси — се јавува чувство на изгубена контрола, што директно води до анксиозност.

2. Недостаток на јасна комуникација

Нејасни инструкции, пасивно-агресивни пораки или тишина од менаџментот можат да бидат понапорни од секој Excel sheet.

3. Секогаш „онлајн“ култура

Ако сте достапни 24/7, дури и по работно време мозокот никогаш не добива сигнал да се „исклучи“. Тоа го забрзува менталното прегорување.

4. Ограничено признание

Кога вашата работа не се препознава, мотивацијата опаѓа, а фрустрацијата расте. Секој сака да чуе „браво“ понекогаш.

5. Токсична работна атмосфера

Негативни колеги, интриги, фаворизирање... сето тоа создава средина каде стресот станува хроничен, а желбата за работа исчезнува.

Што можете да направите?

  • Водете си дневник на стресни ситуации
  • Отворено комуницирајте со тимот/менаџерот
  • Не се плашете да поставите граници
  • Размислете дали е време за промена

На крајот од денот, не сте создадени да „се жртвувате“ за работата. Работата треба да биде дел од животот, не извор на постојан стрес.

Сакате поголем успех на работа? Прочитајте и за: Микронавики за големи резултати: Како мали промени водат до поголема продуктивност на работното место

Тагови: HR совети за работа стрес на работно место

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »