Секојдневно се враќате дома „исцедени“, иако физички не сте помрднале. Ви се чини дека е нормално, но дали е? Можеби не е обемот на работа тоа што ве троши туку скриените извори на стрес кои тивко ви ја црпат енергијата.
Еве неколку чести (но често игнорирани) виновници:
1. Непостојани очекувања
Кога задачите постојано се менуваат, а роковите стануваат сè покуси — се јавува чувство на изгубена контрола, што директно води до анксиозност.
2. Недостаток на јасна комуникација
Нејасни инструкции, пасивно-агресивни пораки или тишина од менаџментот можат да бидат понапорни од секој Excel sheet.
3. Секогаш „онлајн“ култура
Ако сте достапни 24/7, дури и по работно време мозокот никогаш не добива сигнал да се „исклучи“. Тоа го забрзува менталното прегорување.
4. Ограничено признание
Кога вашата работа не се препознава, мотивацијата опаѓа, а фрустрацијата расте. Секој сака да чуе „браво“ понекогаш.
5. Токсична работна атмосфера
Негативни колеги, интриги, фаворизирање... сето тоа создава средина каде стресот станува хроничен, а желбата за работа исчезнува.
Што можете да направите?
- Водете си дневник на стресни ситуации
- Отворено комуницирајте со тимот/менаџерот
- Не се плашете да поставите граници
- Размислете дали е време за промена
На крајот од денот, не сте создадени да „се жртвувате“ за работата. Работата треба да биде дел од животот, не извор на постојан стрес.
Сакате поголем успех на работа? Прочитајте и за: Микронавики за големи резултати: Како мали промени водат до поголема продуктивност на работното место
Тагови: HR совети за работа стрес на работно место