GenLight лого

Фармацевт

За компанијата: GenLight е сеопфатна платформа за лабораториски анализи. Добавувачи сме за се што може да им биде потребно на лабораториите за контрола на квалитет, а истовремено имаме и акредитирана лабораторија за спроведување на сите анализи потребни за контрола на квалитет во индустријата. повеќе за компанијата »

GenLight е сеопфатна платформа за лабораториски анализи. Застапници сме на компании за лабораториски реагенси, потрошни материјали и хемикалии, а преку акредитираната лабораторија нудиме услуги за контрола на квалитет во индустрија. Заинтересирани сме за вработување на фармацевт со положен стручен испит и со Б категорија возачка дозвола на неопределено време за спроведување на следните работни задачи:

  • Продажба на реагенси, лабораториски потрошни материјали и опрема
  • Продажба на лабораториски услуги
  • Спроведување на аналитички методи во лабораторија
  • Развој на реагенси и китови
  • Верификација на методи
  • Одржување и развој на системот за контрола на квалитет

Освен тековните обврски околу продажба на производи и услуги, степенот на инволвираност  во лабораториската работа зависи од вашите афинитети. Секојдневната работа сигурно ќе опфаќа припрема на раствори, подготовка на примероци, и основно следење на системот за контрола на квалитет, со тоа што доколку сте заинтересирани нудиме можност за обука и специјализација во лабораторијата. Имаме најголем опсег на методи во Македонија, што вклучува микробиологија, класични методи на аналитичка хемија, хроматографски методи, молекуларна биологија, клеточни култури и други.   

Сите заинтересирани кандидати се добродојдени да го пратат своето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот] .

Планиран рок за вработување 01.02.2022

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »