(преземи го огласот во Word)
За потребите на својот професионален тим ОБЈАВУВА отворена работна позиција:
Специјалист
за работа со дигитален печатач и доработка
ЗА КОМПАНИЈАТА
ГРАФИКА ПЛУС ДОО Скопје е докажан лидер во широкоформатен и табачен дигитал печат и производство на реклами. Компанијата почна со работа на почетокот на овој милениум кога покрај инвестирањето во производствениот погон се оформуваше и нашиот професионален тим за работа. ГРАФИКА ПЛУС ДОО успешно ја обавува својата дејност на пазарот 20 години и работи со добро обучен тим од професионалци и гарантирани можности во дизајн, проектирање, печатење, аплицирање и монтажа.
Од идеалниот кандидат очекуваме:
Самоиницијативност
Доследност и навременост за извршување на работата
Грижа за корисниците
Колегијалност и искрена вклученост во тимот
Сериозен пристап кон Компанијата
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Средно образование
- Развиени компјутерски вештини
- Претходно работно искуство на конкретната специјалност е пожелно но не е исклучително
НУДИМЕ:
Работа со високопрофесионален тим и модерна технологија
Лидерство
Конкурентна финансиска надокнада за вашиот труд
Баланс меѓу работата и вашиот семеен живот
Доколку имате искрена намера за вработување во добар тим и пријатна работна средина со можност за понатамошно остручување и усовршување, испратете ја вашата кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] и нашиот тим ќе ве контактира за понатамошни детали.