Промовирани огласи »

Можно е укинување на визите за во Велика Британија за дел од македонските граѓани?

Владите на двете земји веќе се во комуникација по однос на ослободувањето од визи за македонските граѓани, но не за сите.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски синоќа изјави дека сериозно се разговара со Велика Британија за три категории на граѓани да бидат ослободени од вадење визи.

Со ова, како што изјави Николовски за Канал 5, значи дека ќе бидат опфатени околу 80 проценти од граѓаните. За ова се разговарало за време на неговиот престој во Лондон.

Многу сериозно разговараме за најмалку три категории да бидат ослободени од визи и тие три категории ќе се покријат околу 80 проценти. Сѐ уште разговараме, рече Николоски.

Во однос на потпишаниот договор со Велика Британија и дали доколку се отвори прашањето за мигрантите, тоа ќе биде прифатено од наша страна, Николоски рече дека двете работи немаат врска.

Нашиот став во однос на мигрантите е јасен и јасно ја кажавме нашата позиција. Не гледам дека тука нешто би се променило, нагласи Николоски.

Тагови: визи Велика Британија Александар Николоски Лондон

Промовирани огласи »

Тивко отпуштање: Новата токсична практика на модерните компании?

Ова е најподмолната тактика на лошите шефови и можеби ти се случува токму сега!

Во свет каде што сè повеќе се зборува за ментално здравје, рамнотежа меѓу работа и живот, и здрава работна средина на сцената тивко се појави еден многу загрижувачки феномен: тивко отпуштање (англ. quiet firing).

Иако звучи помалку драстично од класичното отпуштање, неговото влијание врз вработените може да биде длабоко демотивирачко и психолошки штетно.

Што претставува „тивко отпуштање“?

Тивко отпуштање е психолошка манипулација во работниот однос, каде што работодавецот не го отпушта формално вработениот, туку:

  • Го игнорира неговиот труд и ангажман
  • Го изоставува од одлуки, состаноци или проекти
  • Му доделува рутински, демотивирачки задачи
  • Не му дава повратна информација или можност за напредување
  • Го изолира во тимот
  • Му создава услови каде што самиот сака да си даде отказ

Целта? Компанијата да избегне одговорност – без отпремнини, без официјално отпуштање, без “лош PR”.

Како влијае ова врз вработените?

Иако не постои отворен конфликт, вработениот чувствува постојан притисок, чувство на безвредност и фрустрација. Тоа често води до:

  • Пад на самодоверба
  • Зголемен стрес и анксиозност
  • Намалена продуктивност
  • Burnout
  • Напуштање на работното место со чувство на личен неуспех

Како да препознаете дека сте „тивко отпуштени“?

  • Одеднаш ве прескокнуваат за состаноци или проекти
  • Вашиот труд не се признава или не се забележува
  • Немате јасна насока, цел или повратна информација
  • Ви се доделуваат задачи кои не одговараат на вашето ниво или вештини
  • Се чувствувате изолирано од тимот
  • Имате чувство дека „не ве сакаат, ама не ве ни отпуштаат“

Што можете да направите?

  • Забележете ги промените и водете си евиденција.
  • Разговарајте со менаџерот или HR одделот, ако е можно.
  • Побарајте поддршка од колеги или ментор.
  • Истражете нови можности и не останувајте во средина што ве гаси.
  • Не ја преземајте вината врз себе – ова е системски проблем, не личен неуспех.

Тивкото отпуштање е суптилна, но штетна тактика што се случува сè почесто во модерниот корпоративен свет. Иако можеби нема официјално известување, пораката е јасна – и болна.

Компаниите што навистина се грижат за своите луѓе не ги „тераат“ тивко да си одат – туку отворено комуницираат, поддржуваат и градат култура на доверба.

Ако се пронајде во ова - време е за промена. KARIERA.mk е тука да ви помогне на секој чекор од тој пат.

Имате лоша концентрација, прочитајте и за: Техники за самодисциплина на работа: Како да останете фокусирани и продуктивни

Тагови: HR совети за работа quiet firing

Промовирани огласи »

Температури над 30°C - погледни ја временската прогноза за денес

Денешната прогноза носи многу сонце – но и сериозни ризици за здравјето

Временска прогноза за (петок, 20 јуни 2025) во Македонија, заедно со совети за заштита и дополнителни специфики:

Општа временска слика:

Време: Претежно сончево.

Температура:

  • Утринска: 13–15 °C
  • Попладневна: 31–34 °C
  • УВ индекс: Многу висок (8–9)

Ветер: Слаб до умерен, претежно североисточен (5–15 km/h).

Влажност на воздух: Ниска (30–40%) — ризик од дехидрација.

Препораки за заштита од жештините:

  • Користете крем за сончање со фактор SPF 30+, посебно на лице, врат, раце.
  • Избегнувај директна изложеност на сонце помеѓу 11:00 и 17:00 часот.
  • Носете капа/шешир со широк обод и очила за сонце со UV-заштита.
  • Пијте вода на секои 30–60 минути, дури и ако не сте жедни.
  • Избегнувајте кафе и алкохол – имаат диуретичен ефект.
  • Облекувајте лесна, светла и широка облека од природни материјали (памук, лен).
  • Избегнувајте темни бои и синтетика – ја задржуваат топлината.
  • Проветрувај често ако немате клима.
  • Затвори ролетни/завеси преку ден за да не навлегува жештина.

Дополнителни предупредувања:

  • Ризик од пожари поради сувата вегетација – не палете отворен оган во природа!
  • Возачите да внимаваат на замор поради топлина, и да не оставаат деца/миленичиња во затворено возило!

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

20.06.2025 Петок   22° / 29° 06:02   21:13
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h


















29°
27°
25°
24°
23°
22°

3

3

3

3

3

3
21.06.2025 Сабота   15° / 29° 06:02   21:13
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
21°
20°
19°
18°
16°
15°
16°
18°
21°
23°
25°
26°
27°
28°
29°
29°
29°
28°
28°
27°
25°
22°
21°
19°

3

3

2

2

2

3

3

3

3

4

4

4

4

3

3

4

3

4

4

3

2

2

3

3
22.06.2025 Недела   13° / 30° 06:02   21:13
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
17°
16°
15°
14°
14°
13°
14°
18°
20°
23°
24°
26°
27°
28°
29°
29°
30°
30°
29°
28°
26°
24°
22°
20°

3

2

3

3

2

2

3

2

2

2

2

2

3

3

3

3

3

3

3

3

2

2

2

2

Промовирани огласи »

Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, но се уште, не сме разговарале за тоа дали ќе биде линеарно или процентуално, иако го знаете мојот став дека јас сум поборник за тоа да има линеарно зголемување на пензиите, изјави денеска на прес-конференција министерката за финансии, Димитриеска Кочоска.

Претставувајќи го предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година, на прес-конференција во Владата, Кочоска рече дека вкупниот транфер од Буџетот кон ПИОМ годинава ќе изнесува некаде околу 50 милијарди и дека со предлог ребалансот се предвидуваат дополнително околу 2,5 милијарди.

Фондот за ПИОМ, посочи Кочоска, добива приливи по однос на придонесите кои што ги остварува буџетот и тие, иако поминуваат преку Буџет, директно се трансферираат во ПИОМ.

Првата половина на годината имаше послаба реализација од она што ни е проектирано до крајот на годината, затоа што ние проектиравме, а проекцијата ќе се оствари бидејќи ние немавме усогласување со минимална плата и понатаму растат платите и сега веќе се чувствува од месец во месец, како имаме поголема наплата на придонесите, така што, 2,5 милијарди се испланирани, но тоа е само резултат на тие ликвидносни недостатоци, што го има ПИОМ во насока на тоа колку тој остварува од сопствените приходи, појасни Кочоска.

Кочоска, исто така, потврди дека во предлог ребаланост на Буџетот има предвидено и зголемување на средствата за платите во јавниот сектор.

Зборуваме за извршување на буџетот и ставката плати. Да, има зголемување. Најмногу тука ефектот е поради Министерството за внатрешни работи, кое што имаше покачување на платите од 10 проценти, а МВР во суштина брои и најголем број од администрацијата. Тие имаат околу 12 илјади вработени, појасни Кочоска.

За плати во јавниот сектор, Кочоска рече дека се некаде околу 800 милиони, од кои околу 600 милиони се за МВР.

Тагови: пензии ПИОМ

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »