Промовирани огласи »

Зошто Gen Z се носталгични за „хипстер“ ерата?

Од Kate Moss до TikTok: Носталгијата што ги враќа патики со платформа, крпени фармерки и ноќен хаос

Во доцните 2000-ти и раните 2010-ти, модната сцена беше исполнета со неизгланцани фотографии, тесни кожни панталони, Converse и хаос што се гледаше на Tumblr и MySpace. Овој стил, сега познат како indie sleaze, се враќа преку генерацијата Z, која иако не го живеела тоа време, го доживува како „последен здив на слободата пред дигиталниот надзор и филтрите“. Легендарниот модел на патики Bekett од Isabel Marant, што ги носеше и Beyoncé, повторно е во мода – овој пат со ќерката на Kate Moss во главната улога.

Gen Z го преработува овој стил во своја верзија: повеќе иронија, повеќе свест, но и желба да се побегне од совршенството на Instagram. Во време кога сè изгледа префинето и филтрирано, indie sleaze нуди ослободување – крпени маички, размачкан шминкa и ништо-посебно-фризури како симбол на автентичност. Како што вели дизајнерката Marant:

„Денес сè е толку исполирано, толку лажно. Тоа не е рокенрол.“

Овој тренд не е нов термин. Тогаш се викаше „hipster style“, а не „indie sleaze“. Но TikTok го врати во фокус, особено по долгите карантини, кога младите почнаа да копнеат по хаос, контакт и изразување без граници. Сцените од клубови, помалку совршениот изглед и гламурот помешан со пот и цигари, стануваат симбол на носталгија и бунт.

Модната куќа на Isabel Marant повторно цвета – побарувачката расте, особено кај Gen Z што не можеле да присуствуваат на ниту една indie журка, но сакаат да изгледаат како да биле таму. „Носталгијата за време што не си го живеел е уште посилна“, вели Marant. Дури и старите Marant парчиња стануваат хит на платформи како Vestiaire Collective и The RealReal.

Без разлика дали се враќа од љубов кон модата, бунтовноста или едноставно затоа што се уморни од филтрирани совршенства, младите го избираат indie sleaze како свој израз. Не затоа што е ново, туку затоа што е вистинско. Или барем изгледа така.

Тагови: мода

Промовирани огласи »

Просечната нето плата изнесува 45 452 денари, за една година скокнала за 10.6 проценти

Во период од една година просечната плата скокнала за 10.6 проценти.

Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април година, изнесува 45 452 денари и во однос на април лани е повисока за 10,6 проценти.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.7 проценти, Образование за 14.4 проценти и Административни и помошни услужни дејности за 13 проценти.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации за 4.2 проценти, Административни и помошни услужни дејности за 3.9 проценти и Дејности на здравствена и социјална заштита за 3.8 проценти.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2025 година изнесува 68 294 денари.

Тагови: просечна плата

Промовирани огласи »

Вработување во Халк Банка, Алкалоид, Млекара АД Битола!

Огласи за работа во Халк Банка, Алкалоид, Млекара АД Битола!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Откако е лансиран во 1996 година брендот Интимисими го освои пазарот за долна облека благодарение на својата спецфичност и стил, брзо станувајќи водечки бренд во својата индустрија.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - DIAMOND MALL

Алкалоид Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО ХЕМИЈА – НЕОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО

ХАЛКБАНК е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар. Банката нуди широк асортиман на финансиски услуги, вклучувајќи персонално банкарство, кредитни картички, станбени кредити, потрошувачки кредити, штедење, бизнис кредити, како и платен промет во земјата и во странство.

Моментално вработува:

ПОМЛАД РЕФЕРЕНТ ЗА БАНКАРСКИ ОПЕРАЦИИ ВО ФИЛИЈАЛА СТРУМИЦА
ПОМЛАД РЕФЕРЕНТ ЗА БАНКАРСКИ ОПЕРАЦИИ ВО ФИЛИЈАЛА СКОПЈЕ

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално вработува:

ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТАЛЕНТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
ЦАРИНСКИ ДЕКАЛАРАНТ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Млекара АД Битола денес е најголемиот производител на млеко и млечни производи во Р. Северна Македонија, задоволувајќи ги секојдневно потребите на повеќе од милион потрошувачи.

Моментално вработува:

МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК-ВИЛУШКАРИСТ- БИТОЛА
МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК-ВИЛУШКАРИСТ - СКОПЈЕ ПЕТРОВЕЦ

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ТЕТОВО
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Можно е укинување на визите за во Велика Британија за дел од македонските граѓани?

Владите на двете земји веќе се во комуникација по однос на ослободувањето од визи за македонските граѓани, но не за сите.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски синоќа изјави дека сериозно се разговара со Велика Британија за три категории на граѓани да бидат ослободени од вадење визи.

Со ова, како што изјави Николовски за Канал 5, значи дека ќе бидат опфатени околу 80 проценти од граѓаните. За ова се разговарало за време на неговиот престој во Лондон.

Многу сериозно разговараме за најмалку три категории да бидат ослободени од визи и тие три категории ќе се покријат околу 80 проценти. Сѐ уште разговараме, рече Николоски.

Во однос на потпишаниот договор со Велика Британија и дали доколку се отвори прашањето за мигрантите, тоа ќе биде прифатено од наша страна, Николоски рече дека двете работи немаат врска.

Нашиот став во однос на мигрантите е јасен и јасно ја кажавме нашата позиција. Не гледам дека тука нешто би се променило, нагласи Николоски.

Тагови: визи Велика Британија Александар Николоски Лондон

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »