Промовирани огласи »

Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, но се уште, не сме разговарале за тоа дали ќе биде линеарно или процентуално, иако го знаете мојот став дека јас сум поборник за тоа да има линеарно зголемување на пензиите, изјави денеска на прес-конференција министерката за финансии, Димитриеска Кочоска.

Претставувајќи го предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година, на прес-конференција во Владата, Кочоска рече дека вкупниот транфер од Буџетот кон ПИОМ годинава ќе изнесува некаде околу 50 милијарди и дека со предлог ребалансот се предвидуваат дополнително околу 2,5 милијарди.

Фондот за ПИОМ, посочи Кочоска, добива приливи по однос на придонесите кои што ги остварува буџетот и тие, иако поминуваат преку Буџет, директно се трансферираат во ПИОМ.

Првата половина на годината имаше послаба реализација од она што ни е проектирано до крајот на годината, затоа што ние проектиравме, а проекцијата ќе се оствари бидејќи ние немавме усогласување со минимална плата и понатаму растат платите и сега веќе се чувствува од месец во месец, како имаме поголема наплата на придонесите, така што, 2,5 милијарди се испланирани, но тоа е само резултат на тие ликвидносни недостатоци, што го има ПИОМ во насока на тоа колку тој остварува од сопствените приходи, појасни Кочоска.

Кочоска, исто така, потврди дека во предлог ребаланост на Буџетот има предвидено и зголемување на средствата за платите во јавниот сектор.

Зборуваме за извршување на буџетот и ставката плати. Да, има зголемување. Најмногу тука ефектот е поради Министерството за внатрешни работи, кое што имаше покачување на платите од 10 проценти, а МВР во суштина брои и најголем број од администрацијата. Тие имаат околу 12 илјади вработени, појасни Кочоска.

За плати во јавниот сектор, Кочоска рече дека се некаде околу 800 милиони, од кои околу 600 милиони се за МВР.

Тагови: пензии ПИОМ

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Помлад соработник сметководител, Административна служба - ЈЗУ Здравствен дом Академик Проф.д-р Димитар Арсов - Крива Паланка

Советник за правни работи, Одделение за административни работи - Јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување „Акциос“ - Скопје

Советник за протокол, Одделение за општи работи, Сектор за правни и општи работи - Министерство за спорт

Помлад соработник за следење на договори за закуп на недвижности, Одделение за управување со имот и финансиско работење, Сектор за недвижности, Директорат за управување со имот и инфраструктура - Министерство за одбрана

Помлад соработник за финансиско планирање, буџетирање и анализа на човечки ресурси, Одделение за финансиско планирање, буџетирање и анализа на човечки ресурси, Сектор за човечки ресурси, Директорат за управување со човечки ресурси, образование и обука - Министерство за одбрана

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Вработување во TBM Group, B watch 1920, Intimissimi!

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

Зголемување на цените на горивата од полноќ

Ова се новите цени! 👇

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 % во однос на одлуката од 16.06.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,305%, кај дизелот за 8,111%, кај екстра лесното масло за 7,554% и кај мазутот зголемувањето е за 5,146%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,8039%.

Од 20.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 40,928 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,149 ден/кг и сега ќе изнесува 40,928 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Охрид!

Најновите огласи за работа во Охрид!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Охрид на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Охрид, еден од најубавите и најпосетуваните градови во Македонија, нуди многу можности за вработување во различни сектори. За да го пронајдете вашето идеално работно место во Охрид, посетете го нашиот веб сервис KARIERA.mk, како и на нашите социјални мрежи каде многу работодавци објавуваат отворени позиции.

Оператор за контрола на квалитет - Охрид / Струга
Logistics Manager
Асистент на продажба - Охрид
Фармацевтски техничар со уверение - Охрид
Возач - дистрибутер

Сите останати работни места за во Охрид можете да ги најдте ТУКА.

Прочитајте и за: Огласи за работа во Тетово!

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »