
За компанијата: ПРОФИ КРЕДИТ Македонија е дел од меѓународната финансиска групација Profireal Group која почнува со работа во 1994 година и својот бизнис го шири со канцеларии во Чешка, Полска, Словачка, Бугарија, Русија...
повеќе за компанијата »Опис на работата:
Бараме личност ориентирана кон деталите и аналитички способности за позицијата Финансиски аналитичар за податоци. Лицето ќе биде одговорно за собирање, анализа и интерпретација на финансиски податоци за поддршка на донесување одлуки и стратешко планирање. Работата подразбира блиска соработка со финансискиот, оперативниот и менаџерскиот тим.
Клучни одговорности:
- Анализа на финансиските резултати преку собирање и следење на податоци.
- Развивање и одржување на финансиски модели, извештаи и контролни табели
- Препознавање трендови, отстапувања и можности за оптимизација на трошоци или зголемување на приходи.
- Поддршка во буџетирање, прогнозирање и долгорочно финансиско планирање.
- Соработка со други сектори за обезбедување на практични финансиски извештаи.
- Осигурување точност и усогласеност согласно законските прописи на податоците низ различни системи.
- Презентирање на наоди и препораки на јасен и разбирлив начин.
Потребни квалификации:
- Пожелно е работно искуство како финансиски или податочен аналитичар.
- Напредно познавање на Excel, SQL и алатки за визуелизација на податоци
- Силно познавање на финансиски принципи и техники за прогнозирање.
- Аналитичност, прецизност и вештини за решавање проблеми.
- Пожелно е искуство со анализа на големи сетови на податоци.
- Пожелно е познавање на Python но не е обврзувачки.
Што нудиме:
- Конкурентна плата и бенефиции (приватно здравствено осигурување, платени обуки и сл...)
- Работа во динамична средина.
- Можности за професионален раст и усовршување.
Како да аплицирате:
Испратете ваша биографија (CV) и кратко мотивациско писмо преку полето Брза апликација, или на следниот мејл: [најави се за да го видиш е-маилот] .
Слични огласи »