Промовирани огласи »

Зошто и огласите без работно искуство не се толку лесни за добивање?

Не бараат искуство – ама никој не те вработува? Еве ја вистината!

Многумина мислат дека огласите за работа каде „не се бара работно искуство“ се совршена стартна точка – лесен влез во работниот свет. Но реалноста често покажува поинаку: и тие позиции се исклучително конкурентни и понекогаш подеднакво тешки за добивање како и оние со барано искуство. Зошто е тоа така?

1. Голем број на апликанти

Огласите кои не бараат искуство автоматски привлекуваат најширок круг на кандидати – матуранти, студенти, лица кои се преквалификуваат, и луѓе кои долго време не работеле. Тоа значи огромна конкуренција и потреба да се истакнете дури и без искуство.

2. Работодавците сепак бараат нешто „друго“

Иако формално не се бара работно искуство, неформалното искуство или личните карактеристики (комуникациски вештини, тимска работа, иницијативност) играат клучна улога. Работодавачите често се водат според впечаток, став и желба за учење.

3. Слаб квалитет на апликации

Многу млади кандидати не знаат како да направат добро CV или мотивациско писмо – па дури и кога не се бара искуство, лошата презентација може веднаш да ве елиминира.

4. Некои позиции сепак подразбираат „скриени“ барања

Некои огласи иако велат „без искуство“, во реалноста бараат основно претходно знаење, познавање на алатки, или работа со клиенти. Тоа е „неспомнато искуство“ кое многу кандидати го немаат.

5. Културна усогласеност и личност

Кога искуството не е во игра, работодавачите се фокусираат на тоа дали кандидатот „одговара“ на тимот и фирмата. Тоа е субјективен критериум кој не секогаш може да се контролира, но сепак е пресуден.

Како да се истакнеш без искуство?

Подготви професионално CV со фокус на вештини, волонтерство и лични проекти

Напиши мотивациско писмо со јасна причина зошто аплицираш токму таму

Покажи желба за учење, ентузијазам и информираност за компанијата

Размисли за MojaKARIERA картичката – со неа твоето CV може да биде директно препорачано до компанијата која може да биде твоето идно работно место!

Константно се враќате исцрпени и нервозни од работа, прочитајте и за: Работа или „стрес фабрика“? Еве што навистина ве исцрпува секој ден

Тагови: HR совети за работа работно искуство

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Тетово!

Најновите огласи за работа во Тетово!

Барате работа во Тетово? Проверете ги најновите огласи за вработување и најдете ја идеалната можност за вашиот кариерен напредок! Без разлика дали сте искусен професионалец или почетник кој бара прва работа, тука ќе најдете огласи што одговараат на вашите потреби и квалификации.

Придружете се на успешни компании и започнете ново поглавје во вашата кариера. Не чекајте! Аплицирајте веднаш и осигурете си посветла иднина.

Кредитен консултант во филијала Тетово
Персонал за работа
Sales Representative in Tetovo
Заменик раководител на малопродажен објект - Тетово

Се уште сте во потрага по идеалното работно место?! Проверете ги сите останати огласи и аплицирајте ТУКА.

Промовирани огласи »

Работите на празник – пресметајте колку изнесува празничната дневница

Кога празникот паѓа во работен ден, работникот има право на надомест на плата, дури и ако не работи тој ден, согласно Законот за работни односи (ЗРО).

Право на надоместок за празник во работен ден

Кога празникот паѓа во работен ден, работникот има право на надомест на плата, дури и ако не работи тој ден, согласно Законот за работни односи (ЗРО). Овој надомест го плаќа работодавачот и се пресметува врз основа на просечната плата во претходните 12 месеци (во приватниот сектор) или 3 месеци (во јавниот сектор). Ако работникот нема остварена плата во тој период, се применува минималната плата. За работа на празник, вработениот има право и на зголемена дневница – дополнително надоместување на редовната плата.

Додатоци за работа на празник

Работник кој работи на ден прогласен за празник, има право на зголемена дневница: 50% зголемување во приватниот сектор и 42% зголемување во јавниот сектор. Ако празникот е работен ден, вкупниот надомест е составен од: редовна дневница (100%) + додаток за празнична работа (50% или 42%) + надомест за празник (100%). Тоа значи дека за работа на празник во работен ден, работникот добива вкупно 250% (2,5 дневници) во приватниот сектор и 242% (2,42 дневници) во јавниот.

Тагови: празнична дневница работнички права

Промовирани огласи »

UNIBANK INVITATIONAL 2025 – Повеќе од турнир, јубилејна прослава на лојалноста и спортот

Погледнете што се случи на UNIBANK INVITATIONAL 2025

Во сабота на 14 јуни, во атмосфера исполнета со натпреварувачки дух, забава и спортски ентузијазам, УНИБанка го затвори петтиот по ред, јубилеен тениски турнир „UNIBANK INVITATIONAL 2025“, организиран во партнерство со тенискиот клуб АБЦ Мондано.

Овој традиционален настан уште еднаш го потврди пристапот на Банката кон градење силни односи со клиентите преку спорт, дружење и заеднички вредности. Со учество на клиенти, партнери и вработени, турнирот беше исполнет со емоции, натпревари и незаборавни моменти.

Турнирот започна на 9 јуни, а финалните мечеви се одржаа пред повеќе од 200 гости кои со воодушевување ги следеа завршниците. Меѓу присутните беше и г-дин Александар Ивановски, Претседател на Тениската Федерација на Р.Македонија, каде УНИБанка е генерален спонзор. Натпреварите ги следеа и официјални судии и делегат кој се погрижи за регуларноста.

Во женската конкуренција од 16 натпреварувачки, првото место го освои Ана Балевска, победувајќи ја Софка Камилоска.

Кај мажите, Боро Андов триумфираше во силна конкуренција од 42 натпреварувачи, совладувајќи го Дарко Малетиќ во финалето. И машките и женските финалисти беа наградени со инвестициско злато од 5, односно 2 грама.

Со овие спортски денови покажавме дека Банката се грижи за своите клиенти и преку дружења надвор од деловните рамки, а посветеноста кон иновации, транспарентност и градење долгорочни односи со клиентите остануваат наша трајна определба.

Тагови: УНИ БАНКА АД

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »