
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
БЕТ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ има потреба од овластен сметководител за приклучување кон нашиот тим.
Услови за кандидатите:
- Сертификат за овластен сметководител.
- 8 + години работно искуство во областа на сметководство.
- Солидно познавање на тековните законски прописи поврзани со даноци, финансиски извештаи и регулативи.
- Одлични аналитички и организациски способности.
- Способност за работа во динамична средина и соработка со тим.
- Познавање на работа со сметководствени софтвери- Helix Zonel ќе се смета за предност.
- Познавање на работа со MS Office (Excel, Word)
Работни обврски:
- Управување со документацијата, финансиска сметководствена евиденција, изготвување на ДДВ и ЕПДД пресметки, изготвување на пресметки за плати,
- Комуникација со клиентите во врска со финансиското работење,
- Следење на промените во даночната и сметководствената регулатива,
- Самостојност во составување и доставување на годишни сметки ќе се смета за предност.
Ние нудиме:
- Конкурентна плата и можност за дополнителни бенефиции.
- Пријатна работна атмосфера во професионален тим.
- Можност за професионален развој и постојана едукација.
- Флексибилни работни услови и поддршка за усовршување.
Како да аплицирате?
Доколку ги исполнувате наведените критериуми и сте заинтересирани да станете дел од нашиот успешен тим, испратете ни ваша биографија (CV) и копија од овластувањето на следната е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Апликација за овластен сметководител“.
Слични огласи »