Комуна.дев бара инженер за контрола за квалитет и автоматизација на тестирање.
Потребни квалификации:
- Мануелно тестирање на веб апликации
- Комуникација на англиски јазик
Пожелни квалификации:
- Автоматско тестирање на веб апликации (Селениум, интеграциски тестови, итн...)
- Основно познавање на Пајтон
Веб апликацијата на која што би работеле, се занимава со автоматизација на телефонски повици, СМС и е-меил пораки. На неа работиме повеќе од 4 години, за наш клиент од Велика Британија.
Апликацијата е напишана во Python, Django, Vue.js, Angular.js.
До сега не сме имале луѓе кои што работат исклучиво тестирање, и таа одговорност ја делеле програмерите и менаџерите.
Сакаме да го прошириме тимот со човек кој ќе донесе искуство и пракса од областа на тестирање.
Целта ни е да автоматизираме голем дел од процесот на тестирање. Отворени сме и за луѓе што немаат многу искуство со автоматизација, но би сакале да научат и да превземат иницијатива.
Пријава на: [најави се за да го видиш е-маилот]