Промовирани огласи »

Бензинот ЕУРОСУПЕР 98+ од утре ќе се продава по повисока цена за 2 денари од литар. Ова е одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

Така цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе изнесува 77,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 останува непроменета, односно 73,5 денари по литар.

Останува иста и цената на ЕУРОДИЗЕЛ 66,5 денари по литар.

Непроменета е и цената на екстралесното масло за домаќинство 65 денари, исто како и мазутот кој се продава по цена од 36,5 денари по килограм.

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика цени на горивата

Промовирани огласи »

Burnout: Препознавање и превенција кај вработените

Токсична продуктивност: Кога „вредниот работник“ всушност е на работ на колапс

Во денешниот брз и динамичен работен свет, burnout-от не е повеќе исклучок - туку честа реалност. Светската здравствена организација (СЗО) burnout-от го дефинира како „синдром што произлегува од хроничен стрес на работа кој не е успешно менаџиран“.

Како HR професионалци, наша е одговорноста навреме да го препознаеме и превенираме - пред последиците да станат сериозни.

Како да го препознаете burnout-от?

Обично се манифестира преку три главни симптоми:

  • Емоционална и физичка исцрпеност: Вработени кои постојано се уморни, дури и после викенд или одмор.
  • Цинизам или дистанцираност од работата: Намалена ангажираност, чувство на отуѓеност или негативен став кон колегите и задачите.
  • Намалена ефикасност и самодоверба: Пад во перформансите, доцнење со рокови и зголемен број грешки.

Што може да направи HR?

1. Следете ги сигналите - но не само бројките.

Редовно проверувајте не само KPI, туку и тон, став и присутност кај вработените.

2. Воведете култура на отворена комуникација.

Кога вработените се чувствуваат безбедно да зборуваат за своето ментално здравје – тогаш може и навреме да добијат поддршка.

3. Поставете јасни граници помеѓу работа и приватно време.

Флексибилноста е добра, но без културна поддршка, таа често се претвора во постојана достапност.

4. Поттикнете мали паузи и ментален „ресет“.

Дури и 10-минутни „дигитални“ паузи или раздвижување во текот на денот значат многу.

5. Размислете за програми за поддршка (EAP).

Понудете пристап до стручна психолошка поддршка, работилници за стрес-менаџмент или mindfulness сесии.

Burnout-от не е знак на слабост кај вработениот - туку аларм дека системот има потреба од подобрување. Навременото препознавање и грижа не само што ја зголемува благосостојбата на тимот, туку и го зајакнува целиот организациски успех.

Време е да престанеме да го славиме прекумерното работење - и да почнеме да инвестираме во одржлива продуктивност.

Прочитајте и за: Само-брендирање: Зошто твојот LinkedIn профил е твоето ново CV

Тагови: HR burnout

Промовирани огласи »

Успешно реализиран sales настанот Rewriting the sales playbook, selling without selling во организација на KARIERA.mk

Успешно реализирана работилницата посветена на светот на продажбата која се одржи на 15-ти мај во CoWork 21

На 15-ти мај 2025 година, во CoWork 21, успешно се одржа првата sales работилница организирана од KARIERA.mk, која предизвика огромен интерес и собра одлични повратни реакции од сите присутни.

Овој настан го водеше нашата специјална гостинка и предавачка, извонредната Suzanne Pazit Geva – интернационален експерт за продажба и лидерство, со богато портфолио од соработки со светски гиганти како VISA, Orange, Chanel, TUI, како и бројни компании од сферата на е-commerce, retail, криптовалути и онлајн казино индустријата.

Со повеќе од дваесет години искуство во водење на продажни операции, развој на тимови и креирање високоефикасни стратегии, Suzanne ги сподели своите знаења и тајни за високо ефективна продажба во новата дигитална ера. Посебен акцент стави на пристапи ориентирани кон резултати, градење доверба со клиентите и постигнување долгорочен бизнис раст.

Учесниците имаа можност да добијат вредни увиди за:

  • Актуелните трендови во продажбата за 2025 година
  • Стратегии за ефективна комуникација и преговарање
  • Начини за изградба на инспиративни и успешни тимови
  • Пристапи за справување со предизвиците во брзорастечки индустрии

Работилницата беше наменета за сите професионалци вклучени во продажбата – од стартап ентузијасти до искусни корпоративни играчи, како и од е-commerce и услужниот сектор.

Компании кои испратија свои тимови на работилницата беа: Unija Smart Accounting d.o.o.e.l, KosovaJob, Agile Solutions, Silver Leads Solutions, Pikasa, NLB Banka, A1 Makedonija, Limitless Solutions, xSoft Software Development, AD Verbum, Dounat Factory, Afterwork, Lazov Badeva attorneys, Mobiklinik plus, ProCredit Bank, Cargo-partner logistics, Little Star Media LTD, AMSM, Octotasker LLC.

Настанот не само што ги исполни очекувањата, туку и постави високи стандарди за идни слични едукативни активности.

Ви благодариме за вашето присуство и одличната енергија!

Погледнете дел од атмосферата и се гледаме на следната работилница!

Во прилог галерија од фотографии:

Тагови: Кариера Онлајн

Промовирани огласи »

Работа и семејство во хармонија: Како компаниите им помагаат на родителите

Лопез прифатил 45% помала плата за да биде покрај семејството

Крис Лопез и неговата сопруга, двајцата вработени во Patagonia, уживаат во придобивките од згрижувањето на деца во рамки на работното место. По утринската рутина со нивните две мали деца, целото семејство заедно патува до седиштето на компанијата во Вентура, Калифорнија. Лопез прифатил 45% помала плата за да биде покрај семејството. Откако нивната ќерка започнала во детскиот центар на компанијата, тој можел да биде дел од секојдневните моменти, како и брзо да реагира кога ќе се случи нешто.

Покрај секојдневната грижа, вработените имаат можност да се вклучат во животот на своите деца дури и за време на работното време – било да е тоа доење, кратка посета или поддршка кога детето има тежок ден. Оваа флексибилност им овозможува на родителите да останат присутни во клучните моменти и да не се чувствуваат изолирани. Овој модел на работа гради чувство на поврзаност, сигурност и поголема посветеност и кон семејството и кон работата.

Присуството на децата во истиот простор каде што работат родителите создава нови врски меѓу колегите. Децата растат заедно, а родителите, иако од различни оддели и позиции во организацијата, градат блиски пријателства. Patagonia поттикнува вакви врски преку семејни настани и активности. Ваквиот пристап покажува како грижата за семејството може да ја зајакне корпоративната култура, да го подобри ангажманот и да создаде пријателска и поддржувачка работна средина.

Тагови: HR работа родител семејство

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »