
За компанијата: Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал.
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје
Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот за СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА АПЛИКАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО СЛУЖБА ЗА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА.
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома би била предност, особено во областа на информатичка технологија
- Искуство во работа со релациони бази на податоци Oracle PL/SQL и/или MS SQL
- Познавање на деловните банкарски технологии и процеси
- Способност за тимска работа и работа под притисок
- Добри организациски, аналитички способности и комуникациски вештини
- Спремност за самостојна работа и предлагање и имплементацијана на нови решенија
- Одлично познавање на англиски јазик
- Спремност да се почитуваат и активно поддржуваат вредностите на Банката
- Да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност и должност
Дел од работните задачи:
- Изработка на решенија за воведување на нови и подобрување на постојните апликативните решенија, со цел зголемување на ефикасноста на деловните процеси
- Учество во анализа и спроведување на барања за промени во апликативните решенија од деловната страна
- Следење и контролирање на спроведувањето на сите процедури и упатства за работење со софтверски апликации
- Креирање на нови извештаи и менување / подобрување на постојните извештаи согласно барањата
- Изготвување и одржување на потребна документација (технички и кориснички упатства)
- Соработка со надворешни изведувачи за развој на нови проектни решенија од областа на банкарската информатичка технологија.
Бенефиции / Придобивки:
- Конкурентна плата и дополнителни бенефиции
- Континуирани обуки и можност за професионален раст и развој
- Динамична работна средина
- Слободен ден за роденден
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “Специјалист за апликативни решенија”, најдоцна до 16.05.2025 година.
Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест, како и детали за вашиот приватен живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.
Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »