Промовирани огласи »

Биди и ТИ дел од тимот на Рамстор!

20 Мај – Меѓународен ден на човечките ресурси

Секоја година, на 20ти Мај, светот го одбележува Меѓународниот ден на човечките ресурси – ден посветен на професионалците кои стојат зад највредниот, најзначајниот ресурс на секоја организација: човечкиот потенцијал-луѓето.

Овој ден е прилика да се препознае и одбележи важната улога на HR професионалците во градењето на здрава организациска култура, во унапредувањето на работните односи и процеси, развојот на вработените и поддршката на лидерството. Тие се оние кои ги слушаат потребите на вработените, креираат стратегии за развој на таленти, обезбедуваат еднакви можности, и го поттикнуваат растот и благосостојбата на секој поединец во организацијата. Во време на постојани промени и предизвици, улогата на човечките ресурси станува сè посуштинска. Тие не се само дел од административните процеси, туку активни двигатели на промените, иновациите и организацискиот успех.

Со цел заедно да го одбележиме овој ден Ве покануваме да дојдете на Отворениот ден за вработување, организиран во вторник-20 ти Мај во рамки на Рамсторе Мол со почеток од 10 часот, па се до 16 часот.

Доколку барате стабилна работа, професионален развој и пријатна работна средина Рамсторе е вистинското место за Вас. Рамсторе маркети ги отвора вратите за сите заинтересирани кандидати!

На нашиот Отворен ден за вработување ќе имате можност:
✅ Да се запознаете со нашиот тим
✅ Да дознаете повеќе за отворените работни позиции
✅ Да оставите Ваша биографија (CV)
✅ Да имате кратко интервју на лице место

Бараме мотивирани и одговорни луѓе кои сакаат да бидат дел од нашиот тим. Без разлика дали имате искуство или штотуку започнувате со работа – Вашата енергија и желба за учење се најважни!

👥 Позиции кои ги отвораме:

  • Работници во продажба
  • Касиери
  • Месари
  • Продавачи на деликатес
  • Рибари
  • Магацински работници

И многу повеќе!

📌 Понеси го Вашето CV и насмевка – останатото ќе го направиме заедно!

Ве очекуваме!

Тагови: Дту Рамсторе Доо

Промовирани огласи »

Бензинот ЕУРОСУПЕР 98+ од утре ќе се продава по повисока цена за 2 денари од литар. Ова е одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

Така цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе изнесува 77,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 останува непроменета, односно 73,5 денари по литар.

Останува иста и цената на ЕУРОДИЗЕЛ 66,5 денари по литар.

Непроменета е и цената на екстралесното масло за домаќинство 65 денари, исто како и мазутот кој се продава по цена од 36,5 денари по килограм.

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика цени на горивата

Промовирани огласи »

Burnout: Препознавање и превенција кај вработените

Токсична продуктивност: Кога „вредниот работник“ всушност е на работ на колапс

Во денешниот брз и динамичен работен свет, burnout-от не е повеќе исклучок - туку честа реалност. Светската здравствена организација (СЗО) burnout-от го дефинира како „синдром што произлегува од хроничен стрес на работа кој не е успешно менаџиран“.

Како HR професионалци, наша е одговорноста навреме да го препознаеме и превенираме - пред последиците да станат сериозни.

Како да го препознаете burnout-от?

Обично се манифестира преку три главни симптоми:

  • Емоционална и физичка исцрпеност: Вработени кои постојано се уморни, дури и после викенд или одмор.
  • Цинизам или дистанцираност од работата: Намалена ангажираност, чувство на отуѓеност или негативен став кон колегите и задачите.
  • Намалена ефикасност и самодоверба: Пад во перформансите, доцнење со рокови и зголемен број грешки.

Што може да направи HR?

1. Следете ги сигналите - но не само бројките.

Редовно проверувајте не само KPI, туку и тон, став и присутност кај вработените.

2. Воведете култура на отворена комуникација.

Кога вработените се чувствуваат безбедно да зборуваат за своето ментално здравје – тогаш може и навреме да добијат поддршка.

3. Поставете јасни граници помеѓу работа и приватно време.

Флексибилноста е добра, но без културна поддршка, таа често се претвора во постојана достапност.

4. Поттикнете мали паузи и ментален „ресет“.

Дури и 10-минутни „дигитални“ паузи или раздвижување во текот на денот значат многу.

5. Размислете за програми за поддршка (EAP).

Понудете пристап до стручна психолошка поддршка, работилници за стрес-менаџмент или mindfulness сесии.

Burnout-от не е знак на слабост кај вработениот - туку аларм дека системот има потреба од подобрување. Навременото препознавање и грижа не само што ја зголемува благосостојбата на тимот, туку и го зајакнува целиот организациски успех.

Време е да престанеме да го славиме прекумерното работење - и да почнеме да инвестираме во одржлива продуктивност.

Прочитајте и за: Само-брендирање: Зошто твојот LinkedIn профил е твоето ново CV

Тагови: HR burnout

Промовирани огласи »

Успешно реализиран sales настанот Rewriting the sales playbook, selling without selling во организација на KARIERA.mk

Успешно реализирана работилницата посветена на светот на продажбата која се одржи на 15-ти мај во CoWork 21

На 15-ти мај 2025 година, во CoWork 21, успешно се одржа првата sales работилница организирана од KARIERA.mk, која предизвика огромен интерес и собра одлични повратни реакции од сите присутни.

Овој настан го водеше нашата специјална гостинка и предавачка, извонредната Suzanne Pazit Geva – интернационален експерт за продажба и лидерство, со богато портфолио од соработки со светски гиганти како VISA, Orange, Chanel, TUI, како и бројни компании од сферата на е-commerce, retail, криптовалути и онлајн казино индустријата.

Со повеќе од дваесет години искуство во водење на продажни операции, развој на тимови и креирање високоефикасни стратегии, Suzanne ги сподели своите знаења и тајни за високо ефективна продажба во новата дигитална ера. Посебен акцент стави на пристапи ориентирани кон резултати, градење доверба со клиентите и постигнување долгорочен бизнис раст.

Учесниците имаа можност да добијат вредни увиди за:

  • Актуелните трендови во продажбата за 2025 година
  • Стратегии за ефективна комуникација и преговарање
  • Начини за изградба на инспиративни и успешни тимови
  • Пристапи за справување со предизвиците во брзорастечки индустрии

Работилницата беше наменета за сите професионалци вклучени во продажбата – од стартап ентузијасти до искусни корпоративни играчи, како и од е-commerce и услужниот сектор.

Компании кои испратија свои тимови на работилницата беа: Unija Smart Accounting d.o.o.e.l, KosovaJob, Agile Solutions, Silver Leads Solutions, Pikasa, NLB Banka, A1 Makedonija, Limitless Solutions, xSoft Software Development, AD Verbum, Dounat Factory, Afterwork, Lazov Badeva attorneys, Mobiklinik plus, ProCredit Bank, Cargo-partner logistics, Little Star Media LTD, AMSM, Octotasker LLC.

Настанот не само што ги исполни очекувањата, туку и постави високи стандарди за идни слични едукативни активности.

Ви благодариме за вашето присуство и одличната енергија!

Погледнете дел од атмосферата и се гледаме на следната работилница!

Во прилог галерија од фотографии:

Тагови: Кариера Онлајн

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »