Плата од 35.000 ден.
(преземи го огласот во Word)
Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија" бр. 62/05, 106/08, 161/8, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16,120/18), член 211 и 212 од Законот за социјална заштита (Сл. весник на РМ бр.79/09, 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14, 180/14, 33/15, 72/15, 104/15, 105/15, 173/15, 192/15, 30/16, Сл. весник на РСМ бр.104/19), член 21 став 1 алинеја 9 од Статутот на ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци Скопје, по добиена Согласност од Министерство за социјална политика, демографија и млади, бр.04-1172/3 од 13.03.2025 година, и Одлука на В.Д.Директорот на ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци Скопје, се распишува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на неопределено работно време
На 1(еден) извршител за работното место , воспитувач со шифра на работно место СОЗ0303А04018 , во Јавната Установа Завод за рехабилитација на деца и младинци Скопје.
Кандидатите кои ќе конкурираат за наведеното работно место, потребно е да ги исполнуваат следните општи и посебни услови утврдени со Закон:
- Да е државјанин на Република С. Македонија;
- Активно да го користи македонскиот јазик;
- Да е полнолетен;
- Да има општа здравствена способност за работното место и
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови
- Стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен (Дипломиран професор по физичка култура)
- Дефектолошко- психолошка и методска доквалификација
Јавниот оглас трае 15 (петнаесет) работни дена од денот на објавување.
За горенаведеното работно место работно време е во смени и е 40 часа неделно.
Основната нето плата изнесува 35.000 денари.
Кандидатите се должни да достават соодветни докази во оригинална форма или копија заверена на нотар, во поглед на општите и посебните услови и тоа:
- Пријава со кратка биографија
- Диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место;
- Потврда за работно искуство
- Државјанство и
- Уверение дека не е изречена судска забрана за вршење на професијата, дејност или должност - не постари од 6 (шест) месеци.
Бараните документи се доставуваат во затворен коверт со напомена: "Да не се отвора" на следнава адреса:
ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци - Скопје
ул.Втора Македонска Бригада бр.104, Топанско Поле,Општина Бутел,Скопје
Архива на установата
(со назнака "за оглас")
Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде разгледана.
Контакт телефон 02/ 2 654-242
ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци Скопје