Промовирани огласи »

Од идеја до изработка: Рачно изработените чанти на сестрите Лила и Славица

Љубовта кон рачната изработка ни се роди уште од најрана возраст.

Како би се опишале себеси и кога првпат ја откривте љубовта кон рачната изработка?

Љубовта кон рачната изработка ни се роди уште од најрана возраст. Уште како мали бевме многу креативни. Посебен поттик за изработка на ташни добивме од ќерката на една од нас, кога побара да ѝ исплетеме ташна. Тогаш сфативме дека оваа вештина може да ја претвориме во нешто посериозно. Љубовта кон рачната изработка ја споделивме една со друга и така започна нашата плетена приказна. Денес, со голема страст и креативност, заедно ги создаваме нашите модели. Секоја ташна е резултат на нашата блискост, разбирање и заедничка љубов кон ракотворството – таа врска ни овозможува да создаваме рачни изработки со душа и приказна за сестринството.


(Изработено од: Лила Давиткова)

Кои активности ги практикувате пред да започнете нов дизајн?

Пред да започнеме со нов модел или дизајн, често разгледуваме видеа на YouTube за изработка на чанти, бидејќи таму има прекрасни идеи. Моделите си ги одбираме по свој личен вкус. Обично не работиме исти модели, но секогаш сме тука една за друга за било какви консултации околу изработките.


(Изработено од: Славица Стоименовска)

Од каде црпите инспирација за дизајните и колку ви е важна уникатноста во секоја чанта?

Инспирацијата секогаш доаѓа од љубовта – кон најмилите, кон убавото, кон уникатното и модерното. За нас најважно е секоја изработка да биде направена со љубов и да биде уникатна. Секоја ташна има душа и е убава на свој начин. Едноставно – уникат кој нема дупликат.

Што според вас најмногу ѝ дава „душа“ на чантата?

Љубовта со која ги изработуваме ташните им дава душа – таа ги „оживува“. Додека работиме на ташната, чувствуваме дека позитивната енергија се пренесува директно на неа. Затоа се толку убави и уникатни – затоа што носат емоција и дух.


(Изработено од: Славица Стоименовска)

Колку време ви е потребно за изработка на една чанта и што ви е најважно во тој процес?

За изработка на една ташна обично ни се потребни два до три дена, во зависност од тоа дали моделот е едноставен или посложен. Сакаме да работиме полека и внимателно, бидејќи најважен е крајниот резултат – чантата да биде совршено изработена и неповторлива.


(Изработено од: Лила Давиткова)

Имате ли визија за проширување на бизнисот и можеме ли наскоро да очекуваме сопствен бренд?

Засега сме фокусирани на усовршување и создавање на што повеќе нови модели. Можеби во иднина ќе размислуваме за создавање наш сопствен бренд по кој ќе бидеме препознатливи, но тоа го оставаме на универзумот. Испраќаме позитивни вибрации и очекуваме позитивен фидбек.

Промовирани огласи »

Како да се ослободите од мрсна коса на природен начин

Ако секое утро се будите со впечаток дека косата ви е мрсна и тешка, тоа е јасен знак дека е време за промена во негата.

Ако секое утро се будите со впечаток дека косата ви е мрсна и тешка, тоа е јасен знак дека е време за промена во негата. Честото миење, агресивните хемикалии во шампоните и хормоналните влијанија често ја нарушуваат природната рамнотежа на скалпот, предизвикувајќи прекумерно лачење себум. Добрата вест е дека решението не мора да биде скапо ниту комплицирано – природата нуди едноставни, но моќни алтернативи за здрава, свежа и балансирана коса.

Природните шампони со коприва, лаванда или алое вера се одличен избор. Копривата ја смирува кожата на главата и го намалува лачењето на масти. Лавандата има антисептички својства и остава пријатен мирис, додека алое вера ја хидрира кожата без да ја мрси. Природните формули не ја сушат косата како комерцијалните шампони, што значи дека скалпот нема потреба дополнително да лачи маснотии.

Совет: избегнувајте топла вода, често четкање и употреба на премногу производи за стилизирање. Наместо тоа, измијте ја косата со млак чај од камилица или јаболков оцет разреден со вода – ќе ја освежите и балансирате на природен начин. Со малку трпение и вистински производи, косата повторно ќе изгледа лесно, чисто и негувано.

Тагови: природно мрсна коса хигиена

Промовирани огласи »

Вработување во МАГНА!

Погледнете ги сите огласи за вработување во МАГНА!

Magna International е канадска мултинационална компанија основана во 1957 година, со седиште во Aurora, Онтарио, Канада. Денес е еден од најголемите добавувачи во автомобилската индустрија, со глобално присуство во над 28 земји, преку околу 340+ производствени капацитети и 100+ центри за развој и продажба.

Mоментално вработува:

Quality manager
Controller
Chief accoutant
Production planner and procurement - temporary position
Setter

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Тагови: Magna International

Промовирани огласи »

За два дена 1.293 казни: 305 за брзо возење, 340 за неправилно паркирање, 122 пешаци...

Внимавајте каде минувате! Изречени се дури 122 прекршочни платни налози за пешаци.

Во текот на првите два работни дена од оваа недела (21./22.07.2025) во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи регистрираа вкупно 1293 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на Законот за возила.

Притоа, заради неприлагодена брзина на движење изречени беа 305 санкции, за неправилно паркирање 340 мерки, додека пак 97 возачи се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола.

Исто така, за 47 учесници во сообраќајот изречени се санкции за некористење сигурносен појас, 49 лица се санкционирани за користење на мобилен телефон при управување со возило, и уште 85 лица заради неносење заштитен шлем. Покрај ова евидентирани се 18 случаи на минување на црвено светло, а изречени се дури 122 прекршочни платни налози за пешаци, додека пак од сообраќај се отстранети 11 возачи заради управување на возило со прекумерно количество алкохол.

Согласно пак Законот за возила во посочените три дена од неделава беа изречени  12 прекршоци по основ на технички неисправни возила и 22 по основ на возила коишто не биле регистрирани.  

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Тагови: казни МВР

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »