Промовирани огласи »

Масовни отпуштања ги тресат технолошките гиганти

Технолошкиот сектор се соочува со нов бран отпуштања, а компаниите како Интел и Мета водат во намалувањето на работната сила.

Само неколку недели по почетокот на втората половина од годината, технолошката индустрија се соочува со значителни отпуштања во најголемите светски компании. Според податоците собрани од „Бриџ Кроникл“, повеќе од 100.000 луѓе веќе останале без работа, со Интел предводи во оваа неповолна статистика откажувајќи повеќе од 12.000 работни места.

Компанијата Мета отпушти околу 8.000 работници, и покрај тоа што нуди бонуси од 100 милиони евра за нови вработувања во областа на вештачката интелигенција. Меѓу компаниите кои исто така спроведоа големи отпуштања се Амазон, Гугл, Сејлсфорс и Циско. Овие компании се приспособуваат на новите технологии и автоматизацијата, со цел поефикасно работење.

Причините за овие драстични промени се промената на приоритетите и глобалните економски предизвици. Дополнително, вработувањата од далечина што беа интензивирани за време на пандемијата се покажаа како погрешен потег, оставајќи многу компании со вишок вработени по повторното отворање на светот. Иако технолошките гиганти продолжуваат да вложуваат милијарди во вештачка интелигенција и центри за податоци, тие истовремено го намалуваат вложувањето во помалку профитабилни проекти.

Тагови: Meta отпуштање отказ

Промовирани огласи »

Топлотен бран до 45°C во Македонија – Еве кога следува разладување

Се препорачува избегнување излегување во најтоплиот дел од денот (10–17 ч.) и зголемен внес на течности.

До 26 јули, Македонија ќе биде зафатена од екстремно топол бран од Африка. Температурите ќе се искачуваат до 45°C, особено во Повардарието, Скопје и околината. Ќе има и тропски ноќи – со температури кои нема да паѓаат под 20°C.

Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со можност за краткотрајни дождови и грмежи во петок и сабота. Повремено ќе дува фенски ветер од северен или западен правец. УВ индексот ќе биде екстремно висок – вредност 9.

Се препорачува избегнување излегување во најтоплиот дел од денот (10–17 ч.) и зголемен внес на течности. Намалување на температурите се очекува од недела (27 јули), но сушата ќе продолжи и понатаму.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

6.12.2025 Сабота   / 11° 06:44   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h










10°
10°
11°
11°
10°
10°
10°








3

4

4

4

4

3

3

3

3

2

2

2

2

2

2

2
7.12.2025 Недела   / 12° 06:45   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h













10°
11°
12°
11°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

1

1

2

2

2

2

3

3

3

3

3

2

2

2
8.12.2025 Понеделник   / 13° 06:46   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h












11°
12°
12°
13°
12°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

2

3

2

2

2

2

2

2

2

2

Промовирани огласи »

Од идеја до изработка: Рачно изработените чанти на сестрите Лила и Славица

Љубовта кон рачната изработка ни се роди уште од најрана возраст.

Како би се опишале себеси и кога првпат ја откривте љубовта кон рачната изработка?

Љубовта кон рачната изработка ни се роди уште од најрана возраст. Уште како мали бевме многу креативни. Посебен поттик за изработка на ташни добивме од ќерката на една од нас, кога побара да ѝ исплетеме ташна. Тогаш сфативме дека оваа вештина може да ја претвориме во нешто посериозно. Љубовта кон рачната изработка ја споделивме една со друга и така започна нашата плетена приказна. Денес, со голема страст и креативност, заедно ги создаваме нашите модели. Секоја ташна е резултат на нашата блискост, разбирање и заедничка љубов кон ракотворството – таа врска ни овозможува да создаваме рачни изработки со душа и приказна за сестринството.


(Изработено од: Лила Давиткова)

Кои активности ги практикувате пред да започнете нов дизајн?

Пред да започнеме со нов модел или дизајн, често разгледуваме видеа на YouTube за изработка на чанти, бидејќи таму има прекрасни идеи. Моделите си ги одбираме по свој личен вкус. Обично не работиме исти модели, но секогаш сме тука една за друга за било какви консултации околу изработките.


(Изработено од: Славица Стоименовска)

Од каде црпите инспирација за дизајните и колку ви е важна уникатноста во секоја чанта?

Инспирацијата секогаш доаѓа од љубовта – кон најмилите, кон убавото, кон уникатното и модерното. За нас најважно е секоја изработка да биде направена со љубов и да биде уникатна. Секоја ташна има душа и е убава на свој начин. Едноставно – уникат кој нема дупликат.

Што според вас најмногу ѝ дава „душа“ на чантата?

Љубовта со која ги изработуваме ташните им дава душа – таа ги „оживува“. Додека работиме на ташната, чувствуваме дека позитивната енергија се пренесува директно на неа. Затоа се толку убави и уникатни – затоа што носат емоција и дух.


(Изработено од: Славица Стоименовска)

Колку време ви е потребно за изработка на една чанта и што ви е најважно во тој процес?

За изработка на една ташна обично ни се потребни два до три дена, во зависност од тоа дали моделот е едноставен или посложен. Сакаме да работиме полека и внимателно, бидејќи најважен е крајниот резултат – чантата да биде совршено изработена и неповторлива.


(Изработено од: Лила Давиткова)

Имате ли визија за проширување на бизнисот и можеме ли наскоро да очекуваме сопствен бренд?

Засега сме фокусирани на усовршување и создавање на што повеќе нови модели. Можеби во иднина ќе размислуваме за создавање наш сопствен бренд по кој ќе бидеме препознатливи, но тоа го оставаме на универзумот. Испраќаме позитивни вибрации и очекуваме позитивен фидбек.

Промовирани огласи »

Како да се ослободите од мрсна коса на природен начин

Ако секое утро се будите со впечаток дека косата ви е мрсна и тешка, тоа е јасен знак дека е време за промена во негата.

Ако секое утро се будите со впечаток дека косата ви е мрсна и тешка, тоа е јасен знак дека е време за промена во негата. Честото миење, агресивните хемикалии во шампоните и хормоналните влијанија често ја нарушуваат природната рамнотежа на скалпот, предизвикувајќи прекумерно лачење себум. Добрата вест е дека решението не мора да биде скапо ниту комплицирано – природата нуди едноставни, но моќни алтернативи за здрава, свежа и балансирана коса.

Природните шампони со коприва, лаванда или алое вера се одличен избор. Копривата ја смирува кожата на главата и го намалува лачењето на масти. Лавандата има антисептички својства и остава пријатен мирис, додека алое вера ја хидрира кожата без да ја мрси. Природните формули не ја сушат косата како комерцијалните шампони, што значи дека скалпот нема потреба дополнително да лачи маснотии.

Совет: избегнувајте топла вода, често четкање и употреба на премногу производи за стилизирање. Наместо тоа, измијте ја косата со млак чај од камилица или јаболков оцет разреден со вода – ќе ја освежите и балансирате на природен начин. Со малку трпение и вистински производи, косата повторно ќе изгледа лесно, чисто и негувано.

Тагови: природно мрсна коса хигиена

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »