Многу компании се фокусираат на бонуси, плати и погодности, мислејќи дека тоа е доволно за да ги задржат своите најдобри вработени. Но вистината е поинаква – лојалноста не доаѓа од плата, туку од чувство на вреднување, припадност и доверба.
Лојалноста почнува со човечки однос
Кога лидерите го познаваат својот тим, се интересираат за нивниот раст, и покажуваат емпатија – се гради мост на доверба. А таму каде што има доверба, има и лојалност.
Јасна визија + вклученост = приврзаност
Луѓето остануваат таму каде што се чувствуваат дел од нешто поголемо. Ако им ја споделите визијата на компанијата и ги вклучите во одлуки, тие ќе вложуваат не само труд, туку и срце.
Повратна врска – не само од менаџерот кон вработениот
Слушајте ги вработените. Прашајте ги што ги мотивира, што би смениле, што ги вознемирува. Чувството дека нивното мислење вреди – создава силна врска.
Можности за раст и развој
Кога компанијата инвестира во напредокот на своите вработени, тие го препознаваат тоа. Лојалните вработени се оние што гледаат иднина во компанијата, а не само моментален ангажман.
Признавање и благодарност
Никој не сака да биде „невидлив“. Едноставно „браво“ или јавна пофалба чини ништо – но вреди многу. Лојалноста расте кога некој чувствува дека неговата работа е ценета.
Зошто е важно да се гради лојалност?
- Намалување на текот на кадар – помалку трошоци за нови вработувања и обуки
- Поголема продуктивност – лојалните вработени работат со повеќе посветеност
- Подобра атмосфера – тимот што останува заедно, расте заедно
- Позитивен employer branding – среќни вработени се најдобрата реклама
Лојалноста не доаѓа преку договор или услов. Таа се гради со доследност, почит и вистинска грижа. Компаниите што тоа го разбираат, не само што задржуваат добар кадар тие создаваат амбасадори на својата бренд-култура.
Не сте сигурни во своето работење? Прочитајте и за: Зошто самодовербата е клучна за професионален успех?
Тагови: HR вработени совети за работа