Промовирани огласи »

Вработување во НБРСМ, Hi-Tech Corp и Еурофарм!

Огласи за работа во НБРСМ, Hi-Tech Corp и Еурофарм!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

H&M е компанија водена од вредности која сака да го поведе патот кон поинклузивен свет. За нас, разновидноста и инклузијата се однесуваат на тоа кои сме ние и кои сакаме да бидеме. Придружете ни се во правењето стилот поодржлив, а модата поинклузивна. Во H&M, ве покануваме да бидете свои и ве предизвикуваме да растете и да направите разлика. Добредојдовте во H&M, каде што можете да бидете свои и повеќе.

Моментално вработува:

ВИЗУЕЛЕН АРАНЖЕР – ТЕТОВО
МЕНАЏЕР НА ОДДЕЛ - ТЕТОВО

Еурофарм модерна, иновативна, општествено-одговорна компанија која секојдневно се надградува и усовршува како сигурен, проверен и потврден партнер во трговијата на големо со фармацевтски производи во Република Македонија и регионот.

Моментално вработува:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКА НА ОПРЕМА ЗА МАРКЕТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ - ОВОШЈЕ, ЗЕЛЕНЧУК, ЦВЕЌИЊА И РАСТЕНИЈА
ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР ВО ОДДЕЛ НАБАВКИ - ПРЕХРАМБЕНИ ПРОИЗВОДИ
ЕКСПЕРТ ЗА HACCP
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЕТИКЕТИРАЊЕ И ПРЕВОД
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
ЦАРИНСКИ ДЕКАЛАРАНТ

Народна банка на Република Северна Македонија е централна банка и следствено единствена емисиона банка во Република Северна Македонија. Нејзина основна цел е одржување на ценовната стабилност.

Моментално вработува:

ИЗВРШИТЕЛ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Котон е турска мултинационална компанија за облека. Заклучно со 2015 година, ланецот имаше над 362 продавници за малопродажба во 25 земји.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - DIAMOND MALL
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - БИТОЛА

Hi-Tech Corp. е водечки Европски производител на електронски печатени плочки специјализирани за брзо производство на прототипи и мали и средни волуменски серии на цврсти, флексибилни и крути-флексибилни повеќеслојни плочки.

Моментално вработува:

ИНЖЕНЕР ВО ПРОЧИСТЕЛНА СТАНИЦА
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
ОПЕРАТОР ВО ОДРЖУВАЊЕ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

b watch 1920 нашата мисија е задоволување на барањата и потребите на купувачите во Македонија, бидејќи сме најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници и накит.

Моментално вработува:

AСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА – СКОПЈЕ
АДМИНИСТРАТОР

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најнови огласи за работа во државна администрација!

Промовирани огласи »

За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Аеродром - младите најмалку ги почитуваат правилата

И министерот Тошковски излезе на терен. Најмногу возачите на мотори, скутери и електрични тротинети возат без соодветна заштитна опрема.

Изминатата вечер (24/25.07.2025) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во посета на терен на полициските службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје за време на спроведувањето на засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција “Безбеден сообраќај”.

Сообраќајната контрола беше спроведена во периодот од 17.00 до 01.00 часот на територија на општина Аеродром во Скопје, при што акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.

За време на контролата биле преземени мерки против 155 учесници во сообраќајот, од кои 51 санкција за возачи на мотоцикл. Од нив седум за возење мотоцикл без возачка дозвола, 25 санкции за возење без заштитна кацига, три мерки за возење мотоцикл без положен испит, осум санкции за возење мотоцикл во несоодветна категорија, две мерки за минување со мотоцикл на црвено светло, три санкции за непочитување на даден знак Стоп од полициски службеник, одземени се два мотоцикли поради истечена важност на сообраќајна дозвола повеќе од шест месеци.

Тошковски посочи дека значителен дел од прекршителите се млади лица кои управуваат со мотори, скутери и електрични тротинети без соодветна заштитна опрема.

Во таа насока, важно е секој од нас, особено родителите, да биде свесен за одговорноста што ја има во поттикнување на безбедносна култура уште од најрана возраст, истакна Тошковски, упатувајќи апел до возачите на мотоцикл секогаш да носат заштитна кацига, при тоа додавајќи дека акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет, апелирајќи до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да придонесеме за побезбедни патишта. 

Тагови: МВР Панче Тошковски

Промовирани огласи »

Овие 5 знаци откриваат дека сте жртва на микроменаџирање

Микроменаџирањето ја убива продуктивноста еве како

Микроменаџирањето е една од најчестите но и најштетни појави во модерните работни средини. Иако некои менаџери го практикуваат со добра намера (на пр., да се осигураат дека сè е направено „како што треба“), прекумерната контрола може да резултира со демотивација, стрес и чувство на недоверба кај вработените. Дали и вие сте под микроскоп? Проверете ги овие 5 знаци:

1. Немате слобода да носите одлуки дури ни за ситници

Ако секој ваш потег мора да биде одобрен од шефот – без разлика колку е тривијален – тоа е класичен показател на микроменаџирање. Наместо доверба, добивате континуиран надзор.

2. Често добивате инструкции за тоа „како“ да ја завршите задачата, наместо „што“ треба да се постигне

Наместо да ви се постави целта и да ви се остави простор да најдете решение, вашиот менаџер ве води чекор по чекор, буквално диктирајќи ви го процесот. Вака се задушува креативноста и самостојноста.

3. Вашата работа постојано се проверува – дури и пред да биде завршена

Кога не можете да стигнете до крај на задачата, затоа што менаџерот веќе ја коментирал, ревидирал или ја побарал „на увид“ во полуработена верзија – вие сте жртва на прекумерна контрола.

4. Чувствувате анксиозност пред секој состанок со шефот

Доколку секое јавување, имејл или состанок со вашиот менаџер ви предизвикува грижа, страв или несигурност, тоа е знак дека се чувствувате постојано „набљудувани“ и оценувани.

5. Идеите и предлозите постојано се игнорираат – само шефот „знае најдобро“

Микроменаџерите често не веруваат во способноста на тимот да понуди подобри решенија. Ако вашите идеи ретко се прифаќаат или се игнорираат, веројатно работите со некој што сака да го има последниот и единствен збор.

Што можете да направите?

Ако се пронајдовте во повеќе од еден знак, не значи дека веднаш треба да дадете отказ. Обидете се со отворена комуникација, поставете граници, побарајте доверба и објаснете како микроменаџирањето влијае врз вашата мотивација и продуктивност. А ако тоа не помогне, можеби е време да размислите за работна средина каде ќе ве ценат за вашата експертиза.

Не ве ценат доволно, а очекуваат лојалност и посветеност кон работата, прочитајте и за: Лојалноста не се купува таа се гради: Еве како и зошто

Тагови: HR совети за работа

Промовирани огласи »

Масовни отпуштања ги тресат технолошките гиганти

Технолошкиот сектор се соочува со нов бран отпуштања, а компаниите како Интел и Мета водат во намалувањето на работната сила.

Само неколку недели по почетокот на втората половина од годината, технолошката индустрија се соочува со значителни отпуштања во најголемите светски компании. Според податоците собрани од „Бриџ Кроникл“, повеќе од 100.000 луѓе веќе останале без работа, со Интел предводи во оваа неповолна статистика откажувајќи повеќе од 12.000 работни места.

Компанијата Мета отпушти околу 8.000 работници, и покрај тоа што нуди бонуси од 100 милиони евра за нови вработувања во областа на вештачката интелигенција. Меѓу компаниите кои исто така спроведоа големи отпуштања се Амазон, Гугл, Сејлсфорс и Циско. Овие компании се приспособуваат на новите технологии и автоматизацијата, со цел поефикасно работење.

Причините за овие драстични промени се промената на приоритетите и глобалните економски предизвици. Дополнително, вработувањата од далечина што беа интензивирани за време на пандемијата се покажаа како погрешен потег, оставајќи многу компании со вишок вработени по повторното отворање на светот. Иако технолошките гиганти продолжуваат да вложуваат милијарди во вештачка интелигенција и центри за податоци, тие истовремено го намалуваат вложувањето во помалку профитабилни проекти.

Тагови: Meta отпуштање отказ

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »