GenLight лого

Фармацевт, Ветеринар, Биолог или Хемичар

За компанијата: GenLight е сеопфатна платформа за лабораториски анализи. Добавувачи сме за се што може да им биде потребно на лабораториите за контрола на квалитет, а истовремено имаме и акредитирана лабораторија за спроведување на сите анализи потребни за контрола на квалитет во индустријата. повеќе за компанијата »

GenLight е сеопфатна платформа за лабораториски анализи. Застапници сме на компании за лабораториски реагенси, потрошни материјали и хемикалии, а преку акредитираната лабораторија нудиме услуги за контрола на квалитет во индустрија. Заинтересирани сме за вработување на фармацевт, ветеринар, биолог или хемичар со положен стручен испит и со Б категорија возачка дозвола за спроведување на следните работни задачи:

  • Продажба на реагенси, лабораториски потрошни материјали и опрема
  • Продажба на лабораториски услуги
  • Спроведување на аналитички методи во лабораторија
  • Развој на реагенси и китови
  • Верификација на методи
  • Припрема на раствори
  • Одржување на хигиената во лабораторијата
  • Одржување на дел од системот за контрола на квалитет
  • Прием на примероци
  • Земање на примероци
  • Дистрибуција на материјали 
  • Магацинска работа

Нудиме можност за унапредување на работното место во насока на развој на соработка со клиенти и/или развој во лабораториските вештини и познавања на аналитички методи. Имаме најголем опсег на методи во Македонија, што вклучува микробиологија, класични методи на аналитичка хемија, хроматографски методи, молекуларна биологија, клеточни култури и други. Работата е во прва смена, и ве следат сите законски регулирани поволности за одмор, регрес за годишен одмор и редовно покачување на плата. Платата е по договор во зависност од вештините што ги имате, и се одредува врз основ на одоговорностите што ги превземате и спроведувате.   

Сите заинтересирани кандидати се добродојдени да го пратат своето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот] .

Планиран рок за вработување 10.08.2022

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »