СЛ МАЈНИНГ ДООЕЛ Скопје лого

Комерцијалист за набавки

Активни огласи од СЛ МАЈНИНГ ДООЕЛ Скопје:

Финансов референт

Скопски Легури Mајнинг ДООЕЛ Скопје вработува  КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ

Главни одговорности и обврски:

  • Да ги прими барањата за набавка/изведување на стока/услуга;
  • Да ги евидентира примените барања и да отвори предмет по барање;
  • Да е во контакт со техничките служби во врска со добиеното барање;
  • Да побара и добие понуди за набавка на стока/услуга и да одговори на добиените понуди;
  •  Да побара и добие понуди за допремање, царинење, складирање согласно добиеното барање за набавка;
  • Да организира царинење на стоки од увоз, да контактира со царинските посредници,шпедитери, и да ја обезбеди потребната документација за царинење на стоките;
  • Да направи конкурентска листа за тендерска процедура и по истата да даде појаснување по  ставки;
  • Да ги достави основните податоци до одделот за правни работи за изготвување на договор согласно прифатената понуда од конкурентската листа;
  • Да го прати допремањето на стоката или реализирањето на услугата, да обезбеди друга  потребна документација согласно законот и интерните процедури и условите од  договорот;
  • Да ги проследи документите за плаќање до финансискиот оддел и да обезбеди и друга  задолжителна пропратна документација согласно законот и интерните процедури;
  • Да води евиденција за должничко доверителниот однос со добавувачите/  изведувачите на услугите;
  • Да го информира магацинскиот оддел за стоката која треба да пристигне и складира;
  • Да ја рекламира стоката / услугата, до добавувачот/изведувачот за сите недостатоци по квантитет и квалитет, кои се констатирани при приемот на стоката/услугата.

Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:

  • Високо образование, 240 кредити, од економска или техничка струка;
  • Активно познавање и користење на пишан и говорен Англиски јазик;
  • Познавање на Инкотермс;
  • Напредно познавање и работа во Офис пакети (Word, Excel, Power point)
  • Со и без работно искуство;
  • Педантност и ажурност при извршување на работните задачи, позитивен однос и одговорност кон работата;
  • Спремност за обука и унапредување на своето знаење.

Компанијата нуди:

  • Соодветен паричен надоместок за работа со редовно работно време од 40 часа неделно + дополнителен бонус, зависно од успешноста во извршувањето на работните задачи;
  • Обезбеден и платен топол оброк;
  • Годишен одмор од 24 работни дена;
  • Работа во интернационална компанија, динамично работење исполнето со нови предизвици и можности за стекнување нови искуства, вештини и напредување во кариерата.

Сите заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија на следниот емаил : [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака за - Оглас за комерцијалист за набавки,

Aпликациите ќе се прифаќаат до 20.08.2025 година.

Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.

Ви благодариме за Вашиот интерес.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »