Цермат е производна компанија за сладолед, која исто така во асортиманот врши и продажба на кафе, лиснати и замрзнати производи на македонскиот пазар. Со силна логистичка поддршка и професионален тим, компанијата успешно ги снабдува маркетите, кафулињата и HoReCa секторот низ целата земја.
Цермат се одликува со квалитетен асортиман, сигурна и навремена испорака, како и партнерски однос со клиентите. Нашата мисија е да обезбедиме производи кои создаваат уживање кај крајните потрошувачи.
Поради зголемен обем на работа, Регионален центар на Цермат ДОО - со седиште во СКОПЈЕ, во моментот нуди нова работна позиција:
ТИМ ЛИДЕР ЗА ХоРеКа
Опис на работната позиција:
- Раководење и координација на продажен тим во HoReCa секторот (хотели, ресторани, кафулиња),
- Развивање и одржување на односи со клучни клиенти,
- Планирање и реализација на продажни стратегии,
- Следење на продажни резултати и исполнување на таргети,
- Анализа на пазарот и идентификување на нови можности за раст.
Потребни квалификации:
- ССС,
- Пожелно е претходно работно искуство во продажба,
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини,
- Организациски способности и ориентираност кон резултати,
- Познавање на работа со компјутер,
- ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА Б Категорија
ЦЕРМАТ ДОО нуди пријатна работна атмосфера, можности за напредок, надградување на личноста и искуствата, како и покрај фиксната плата, нуди можност за бонуси и награди и добра заработувачка врз основа на остварен промет.
Заинтересираните кандидати да испратат CV со слика на следниот email: [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 19.03.2026 година, со назнака на работната позиција.
Апликациите во кои нема да бидат наведени работната позиција и местото на живеење, НЕМА да бидат земени во предвид.