
За компанијата:
Ние сме ДПТУ Јакомо Техноцентар ЛЕДЛАЈТ МК, компанија со седиште во Скопје, која е пристутна на пазарот повеќе од 10 години со трговија на големо и мало на лед осветлување. Ние сме овластени увозници... повеќе за компанијата »
ЛЕДЛАЈТ МК има потреба од 1 лице на следното работно место
КОМЕРЦИЈАЛИСТ- ДИСТРИБУТЕР НА ТЕРЕН
Kвалификации:
- Минимум ССС
- Претходно работно искуство на иста позиција(се смета за предност)
- Возачка дозвола Б/Ц категорија
- умешност за работа во продажба
Личен профил:
- Да поседува одлични комуникациски и преговарачки вештини;
- Способност за индивидуална и тимска работа, како и работа во динамична средина;
- Иницијативност, темелност, енергичност и целосна посветеност на работата;
- Организираност и одговорност;
- Доверливост и лојалност;
Одговорности и задачи:
- Посета и продажба на цела територија на Македонија
- посета на купувачи со цел договарање на продажба, примање на нарачки, презентација на асортиманот преку каталог или лаптоп,
- опфаќање на нарачките во програм, фактурирање и спремање документација за пат
- испорака на нарачките до купувачите.
- одржување редовни контакти со постојаните купувачи на фирмата со цел да се одржат добри релации и да се оствари продажба,
- пронаоѓање нови купувачи
- комуникација со клиентите за наплата
- Одговорност за количината на примена и истоварена количина
- Завршување на дневните зададени работни задачи во целост
- Одржување na хигиената на задолженото возило
Услови за работа:
- Работа прва смена
- Почетна плата 25.000 денари.
- Релаксирана работна средина, без притисоци и со можност самите да ги организирате своите работни активности
- Годишен одмор – 20 работни дена
- Службен мобилен телефон
Напомена: Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивациското писмо да бидат чувани во базата на податоци на ЛЕДЛАЈТ МК во рок од 1 година од денот на истек на рокот за аплицирање. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законт за зашита на личните податоци.
Доколку сметате дека ги исполнувате условите и сакате да бидете дел од тимот на ЛЕДЛАЈТМК, аплицирајте со Ваша биографија, мотивациско писмо и фотографија на меил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Сите кандидати кои ќе аплицираат за работната позиција ќе бидат контактирани и известени за понатамошните чекори.
Слични огласи »