Промовирани огласи »

Вработување во Нептун!

Најди работа во Нептун!

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

Специјалист за обука и развој
Продукт менаџер
Раководител на логистика
Администратор за управување со производи
Менаџер за Б2Б продажба
Референт за наплата и кредитирање во Скопје

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Тагови: Нептун Македонија

Промовирани огласи »

Дали well-being програмите се реална грижа или HR маркетинг?

На хартија сè е совршено, во реалност – burnout!

Во последните неколку години, well-being програмите станаа задолжителен дел од речиси секоја HR стратегија. Јога часови по работа, апликации за медитација, „mental health days“, овошје во канцеларија и мотивациски постери – сето тоа звучи како компаниите конечно да се грижат за благосостојбата на вработените. Но, клучното прашање останува: дали овие програми се искрена грижа или само убаво спакуван HR маркетинг?

Кога well-being е само „штиклирање кутија“

Во многу организации, well-being иницијативите се сведуваат на симболични активности. Вработените добиваат пристап до апликација за ментално здравје, но и понатаму работат прекувремено. Се зборува за баланс помеѓу работа и приватен живот, додека мејловите по работно време се сметаат за „нормални“.

Во вакви случаи, well-being програмите стануваат алатка за employer branding – убаво звучат на LinkedIn и во огласи за работа, но немаат реален ефект. Резултатот? Цинизам кај вработените, намалена доверба и чувство дека грижата е само декларативна.

Кога well-being значи вистинска грижа

Од друга страна, компаниите што навистина инвестираат во благосостојбата на луѓето пристапуваат системски. Тие не нудат само бенефити, туку прават промени во начинот на работа:

  • Реални работни оптоварувања
  • Флексибилно работно време
  • Менаџери обучени да препознаат burnout
  • Култура во која одморот не се чувствува како вина

Во вакви средини, well-being не е проект, туку дел од организациската култура.

Зошто вработените повеќе не се „лажат“

Современите вработени – особено помладите генерации – лесно препознаваат кога нешто е фасада. Ако компанијата зборува за ментално здравје, а наградува само прекувремена работа и постојана достапност, пораката е јасна. Well-being програмите тогаш не само што не помагаат, туку стануваат контрапродуктивни.

Клучното прашање за HR тимовите

Прашањето не е дали да се има well-being програма, туку зошто и како. Дали целта е подобра фотографија за социјални мрежи или поздрави, помотивирани и поодржливи тимови?

Компаниите што ќе ја направат оваа разлика ќе имаат предност на пазарот на труд – не затоа што нудат повеќе бенефити, туку затоа што нудат вистинска грижа.

Well-being програмите можат да бидат моќна алатка за задржување и мотивација на кадарот, но само ако се поддржани со реални политики и искрена култура. Во спротивно, тие остануваат уште еден тренд – гласен, но празен.

Прочитај и за: Тивкото откажување повторно во фокус: Како HR тимовите губат таленти без да забележат

Тагови: HR трендови

Промовирани огласи »

Обичаи за Водици - еден од најголемите верски празници!

Денес се прославува праволсавниот празник Водици - Богојавление!

Ден кога водите се сметаат за лековити

Именден денес слават: Богдан (со значење „даден од Бога“), Богдана, Божана, Бојан, Бонка, Богомил („мил на Бога“), Јордан, Данчо, Јорданка, Данка, Даница, Дарин, Јован, Јованка, Јонко, Јонка, Јоана и други.

Празникот Водици – Богојавление во народната традиција се смета за еден од најзначајните христијански празници, бидејќи токму на овој ден Исус Христос бил крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со овој настан се нагласува важноста на крштевањето како света тајна, која симболизира духовно обновување и влегување во живот исполнет со вера. Поради тоа, кумот се смета за духовен родител и особено близок член на семејството. Со Водици завршуваат Некрстените денови, како и целиот циклус на зимски празници, меѓу кои се Бадник, Божик, Василица и други народни свечености.

Богојавление е празник кој се поврзува со крштевањето на Христос од страна на Свети Јован, познат и како Претеча, бидејќи со своето учење и проповеди му претходел на Исус. Тој го повикувал народот на покајание и ги подготвувал луѓето за доаѓањето на Спасителот, крштевајќи ги со вода и најавувајќи дека Оној што доаѓа по него ќе крштева со Светиот Дух. Како што стои во Светото писмо: „Јас ве крштевам со вода, но Оној што доаѓа по мене ќе ве крштева со Свети Дух и со оган.“

Со денешниот празник се поврзани бројни обичаи и верувања. Во православните храмови се врши осветување на водата, а верниците традиционално носат дома светена вода, верувајќи во нејзината заштитна и лековита моќ.

Според старите народни верувања, ако на Водици времето е студено, со мраз и снег, годината ќе биде родна и успешна, додека топлото време се сметало за знак на послаба жетва.

Тагови: водици обичаи традиции

Промовирани огласи »

Студено за Водици – температури под нулата и локален снег

Вакво ќе биде времето денес за Водици

Денес, за големиот христијански празник Богојавление – Водици, Македонија ќе биде под влијание на студена воздушна маса која продира од исток и североисток. Како резултат на тоа, нè очекува значително постудено време, со појава на утрински мразеви, при што температурите во раните часови ќе се движат од -10 до 0 степени. Студено ќе биде и во текот на денот, кога дневните температури ќе се искачуваат во интервал од -3 до 8 степени.

Во Скопје и околината, утринската температура денес ќе се спушти до околу -5 степени, додека во текот на денот ќе достигне максимални околу 5 степени.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а локално е можна појава на краткотрајно провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец, кој повремено може да засили.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

20.1.2026 Вторник   -2° / 07:54   17:39
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h


















-1°
-2°
-2°
-2°
-2°
-2°

3

2

2

2

2

2

2

2
21.1.2026 Среда   -3° / 07:53   17:40
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
-2°
-3°
-3°
-3°
-2°
-3°
-3°
-2°
-2°
-2°
-1°







-1°
-1°
-1°
-1°
-2°
-2°

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

2

3

3

2

2

3

3

2

2

2

2

2

1
22.1.2026 Четврток   -2° / 07:53   17:41
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
-2°
-2°
-2°
-2°
-2°
-1°
-1°
-1°
-1°
-1°















1

1

1

2

2

1

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

2

1

1

1

1

1

1

1
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »