ОНЕ АУТО лого

Специјалист за продажба на автомобили

За компанијата:

ONE AUTO ДООЕЛ Скопје е брзорастечка компанија специјализирана за продажба на квалитетни половни возила. Нашиот бизнис е изграден врз основа на посветеност, експертиза, иновации и ефикасност. Возилата... повеќе за компанијата »

Придружи ни се во ONE AUTO!

Бараме Специјалист за продажба на автомобили. 

ONE AUTO е брзорастечка компанија специјализирана за продажба на внимателно одбрани и проверени возила од европските пазари (Франција, Италија, Белгија, Германија и тн...).

Секое возило е сервисирано, технички исправно и со верификувана километража. Поради проширување на тимот, бараме ентузијаст за автомобили кој знае да продава и сака да работи со клиенти.

🔧 Твои одговорности:

  • Активно водење клиенти низ целиот продажен процес
  • Професионална презентација на возила и користење ефективни продажни аргументи
  • Организирање и спроведување тест возења
  • ⁠Комуникација со клиенти (во салон, телефон, онлајн)
  • ⁠Градење долгорочни односи со клиенти

👤 Што очекуваме од тебе:

  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини
  • ⁠Солидно познавање на автомобили (брендови, модели, мотори, опрема)
  • ⁠Продажен менталитет и ориентација кон резултати
  • ⁠Познавање на англиски јазик и работа со MS Office
  • ⁠Минимум 1 година искуство во продажба (предност: авто индустрија)
  • Искрена страст за автомобили и техничко разбирање

💼 Што нудиме:

  • ⁠Работа во динамична и мотивирачка средина
  • Директна соработка со странски авто партнери
  • Конкурентна плата + бонуси според резултати
  • ⁠Поддршка од тимот и реални можности за напредување

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат условите.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »