СЛ МАЈНИНГ ДООЕЛ Скопје лого

Финансов референт

  • Објавен пред 6 месеци
  • СЛ МАЈНИНГ ДООЕЛ Скопје
  • Активен до 20.08.2025
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје

Скопски Легури Мајнинг ДООЕЛ Скопје бара ФИНАНСОВ РЕФЕРЕНТ

Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:

  • Диплома за завршено високо образование со 240 кредити од економска струка,
  • Познавање и активно користење на пишан и говорен англиски јазик на ниво min B2,
  • Познавање на закони и подзаконски акти од областа  на финансии,
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност,
  • Активно користење на MS Office пакетот Word, Excel, Power point,
  • Напредни комуникациски и организациски способности, дисциплина и ажурност во извршување на задачи.

 Главни одговорности и обврски:

  • Прима и врши проверка на влезни документи врз основа на кои треба да бидат извршени плаќања;
  • Изготвува планови на плаќања;
  • Подготвува дневни, декадни, месечни, квартални и годишни извештаи;
  • Секојдневно ја следи состојбата на сметките, денарски и девизни и изготвува извештај со прилог од изводите;
  • Организира плаќања, денарски и девизни, вклучително и продажби и купување на девизи за извршување на истите;
  • Организира достава на извештаи до Народна Банка на РСМ;
  • Се грижи за навремено изготвување на предлог буџетот на компанијата;
  • Подготвува документација согласно барањата од деловните банки ;
  • Врши достава и подигање на документација од деловни банки;
  • Се грижи за прибирање на потребната документација;
  • Организира систематизирање и чување во посебни класери, папки или на друг соодветен начин на сите писмени документи и акти, како и електронски, настанати при извршување на неговите работни задачи;
  • Врши блајничко работење.

Компанијата нуди:

Работа во канцеларија со редовно работно време од 40 часа неделно само во прва смена, обезбеден оброк и одличен финансиски надомест со потенцијал за напредување. 

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата Биографија на  [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за - Оглас за финансов референт, апликациите ќе се прифаќаат до 20.08.2025 година.

Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.

Ви благодариме за вашиот интерес.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »